Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW со супер Polo во Франкфурт
03.06.2009
volkswagen-polo-coupe-1.jpgVolkswagen подготвува интересна новина за претстоечкиот салон во Франкфурт. Се работи за концепт на купе со три врати изработено на основата на новиот Polo, кое најверојатно ќе го носи името Polo Coupe.

Концептот кој се претпоставува дека набрзо ќе влезе во сериско производство дизајнерски значително се разликува од Polo и по дизајнотна предницата, видлив на компјутерски генерираната фотографија, многу наликува на концептниот родстер претставен во јануари на салонот во Детроит, BlueSport.

Според скромните информации кои доаѓаат од Volkswagen малиот спортист под хаубата пакува 180 КС кои ги испорачува познатиот 1.4 TFSI турбо бензинец, а снагата на предните тркала ќе се пренесува преку седум степениот DSG менувач.

Погонскиот склоп е истиот што се вградува во Seat Ibiza Cupra и во Bocanegra, но и во новата генерација на Polo GTI.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook