Get Adobe Flash player
VW Tiguan ќе биде комплетен теренец
05.06.2007
tiguan1Новиот модел на VW, Tiguаn ќе биде повеќе од преработен Golf со погон на четири тркала и повишена каросерија. Тестот спроведен во намибиската пустина укажува на вистински теренец.

Ќе бидат достапни две каросериски изведби. Обична верзија и верзија со подобри пристапни агли од напред и од назад кои ќе ја подобрат неговата способност за на терен при качување и спуштање.

Стандардниот модел ќе има агол на пристап од 18 степени, додека кај моделот за на терен аголот е зголемен на 28 степени. Подобро од BMW X5 и полошо од Land Rover Freelander кој има агол од 31 степен.

Под ламарината се крие модификувана платформа на Golf која се користи кај Eos. Предната суспензија е Мекферсон со четири независни попречни водилки, а назад работи суспензијата од Passat 4 Motion.

Челична рамка назад ја заменуваа онаа од Passat од лесна легура поради поголема цврстина. Задните маслени амортизери имаат повеќе масло поради подобри перфоранси на терен. Во VW тврдат дека Tiguan е неутрален со блага подуправливост.

Сите системи за помош на терен се сега се сместени под една капа. Новиот систем се нарекува „Offroad mode”. Еден прекинувач ги вклучува: контролата при спуштање на надолница, ја зголемува гаста за теренско возење, ги вклучува блокадите на диференцијалите за подобра тракција, ја сменува функцијата на ABS, и ја вклучува функцијата за помош при качување која ја штити спојката од пролизгување и прегорување при спори долги успони.

Моторите се бензински четирицилиндерци со турбополнач TSI со 148, 168 и 197 КС. Дизелите се исто така четирицилиндерци TDI со 138 и 168 КС.

Внатре теренецот би требало да го следи дизајнот од концептот Tiguan со арматура која е дериват од Golf Plus.

VW за Tiguan разви нов touch-screen систем за забава кој користи камера за поглед назад која помага при паркирање и возење на терен. На системот лесно се приклучува навигација која при возење на терен овозможува поставување на маркери кога се вози во непозната територија за полесно наоѓање на патот за назад.

tiguan2

 

 

 

Facebook