|
16.05.2007 |
Во Штутгарт се работи на помалиот брат на теренецот GL, кој ќе им конкурира на BMW X3 и на идниот Audi Q5. Покомпактниот GLK ќе ја користи платформата од класата C.
Под хаубата на новиот теренец ќе се најдат четири и шестцилиндарски мотори, но и осумцилиндарски мотор во верзијата AMG. Повеќето модели ќе имаат седумстепен автоматски менувач 7G-Tronic. Цените ќе почнуваат од околу 35.000 евра, а стартот на продажбата се очекува во втората половина на 2008 година. За разлика од поголемите браќа ML и GL кои се произведуваат во САД, спортскиот теренец GLK ќе се симнува од производствените ленти во Германија.
|