Работите се менуваат откако
Американците се освестија за животната средина. Сега се нудат 10 милиони долари
за автомобил што ќе троши помалку од 2,5 литри гориво.
На Џорџ Буш, тоа нема да му се допадне,
но Американците стануваат свесни за животната средина. Организацијата X-Prize од Калифорнија распиша конкурс за најуспешниот штедач на
гориво. Тој што ќе го произведе најштедливото возило погодно за сериско
производство ќе добие 10 милиони долари во кеш. Возилото треба да биде способно
да помине повеќе од 100 милји со еден галон (2,3 литри на 100 километри) и да
има емисија на јаглероден моноксид под 125 грами.
Понудата треба да се прифати сериозно. Основана
од лекарот Питер Дијамандис во 1996 година, калифорниската организација распиша
конкурс за првиот приватен вселенски брод, на кого во 2004 година победија
пионерот во аеронаутиката Барт Рутан и коосновачот на Мајкрософт и
мултимијијардер Пол Ален, со нивниот SpaceShipOne.
Сега дојде време на ваков револуционерен
чекор и кај автомобилите, бидејќи е очигледно дека индустријата нема самата да
го направи тоа. Веќе со децении просечната потрошувачка на американските коли е
на вредноста од единаесет литри на сто километри, само затоа потрошувачката што
се мери при постојана брзина од 89 km/h, без противветар и на рамен пат.
За учесниците да се задржат во
реалноста, на конкурсот се прифаќаат само прототипи што би можеле да се
произведуваат сериски. „Автомобилските производители можат уште сега без
проблем да кренат на тркала прототип што вози 100 милји со еден галон”, открива
Џејмс А. Крос, шеф на еколошката организација NextEnergy - „проблем е само приспособувањето за сериско
производство”. Роб Тринг од Универзитетот Лоубороу во Англија потврдува: „Тоа
може да се постигне со постоечката технологија. Но, мора да се примени
радикален дизајн”.
Конкурсот е поделен на две класи: во
првата група се возила со четири тркала, четири седишта и брзина од најмалку
160 km/h,
забрзување од 0-95 km/h за дванаесет секунди и минимална автономија од 320
километри. Се разбира дека клима-уредот и радиото се задолжителни. Во втората
група се возила за двајца патници, досег од 160 километри и минимална брзина од
130 km/h.
На конкурсот X-Prize веќе се пријавија преку илјада интересенти. Победникот ќе се знае во 2009
година.
|