Се дело на компанијата за развој на мотори Ilmor Engineering која до неодамна беше дел од Mercedes и го снабдуваше германскиот производител со мотори за нивните болиди во
Формула 1.
Откако го докажаа своето знаење во конструирање на мотори
во светот Формула 1 инженерите од Ilmor
Engineering пред себе си поставија уште поголем предизвик, а тоа е
конструирање на сосема поинаков мотор.
Целта не била освојување на трофеи на најбрзите патеки
низ светот туку користење на напредна технологија за секојдневни потреби пред
се во автомобилската индустрија.
Станува збор за нов тип на петтактен бензински мотор со три
цилиндри, турбо натполнење и зафатнина од 700 cm2 којшто е 5% поштедлив и 20%
полесен од обичен четиритактен бенизнец со слична големина со директно
вбризгување на горивото.
Првиот петтактен мотор на Ilmor со вбризгување на горивото
во повеќе точки остварува 130 КС од зафатнина од 0.7 литри и има максимален
вртежен момент од 165 Nm.
Податоците од Ilmor
велат дека нивниот мотор остварува моќност од 150 КС по
литар зафатнина што воопшто не е за потценување.
Патентираниот концепт на петтактен мотор всушност е
генијално остварување на германскиот инженер Герхард Шмитц кое инженерите на Ilmor го
претвориле во реалност.
Принципот на работа на петтактниот мотор е многу
едноставен. Двата надворешни цилиндри работат во четири такта, а нивните
издувни гасови се преработуваат во средниот цилиндер кој врши дополнителна
работа и произведува дополнителна енергија правејќи го петиот такт во моторот.
Дополнителниот експанзионен цилиндер со низок притисок ги
раздвојува процесите на експанзија и компресија и овозможува независно избирање
на оптимален степен на експанзија независно од компресијата.
Од Ilmor
истакнуваат дека вртежниот момент е на ниво на помал
турбо дизел, но предноста е во тоа што моторот има значително пониска емисија
на издувни гасови пред се СО2.
Моторот е составен од глава добиена се леење, блок кој е
добиен со машинска обработка на полно парче метал има сув картер со одвоен
резервоар и електрична пумпа за масло и исто така одвоена електрична пумпа за вода.
Двете брегасти вратила во глава ги отвораат и затвораат
вентилите преку класичен систем со пружини, а натполнењето на турбо полначот
има притисок од 3 бари.
Според менаџерот на Ilmor
Engineering, Стив О`Конор нивниот мотор најдобро ќе биде искористен за
врзување со хибриден систем во помали автомобили.
Иако сеуште нема најави дека некој од производителите се
заинтересирал за креацијата на Ilmor тие продолжуваат со развој на моторот за кого се надеваат дека во билска
иднина ќе забрмчи во еден куп нови модели.
|