Get Adobe Flash player
30 години ABS во автомобил
30.04.2008
bmw-driver-training-braking.jpgСистемот кој го спречува блокирањето на тркалата при сопирање или ABS Antilock Braking System е меѓу нас безмалку едно столетие со една единствена задача. Да спасува човечки животи.

ABS за првпат се појави во 1920. години од минатиот век како помагало во авионската индустрија, а е конструиран и произведен од страна на францускиот производител на авиони и автомобили, компанијата Voisin.

И покрај тоа што како техничко-технолошка иновација постои многу долго, сепак во автомобилите се применува последните 30 години, а првиот сериски автомобил во кој е вграден е Mercedes S Класа од 1978.

Распространетоста е толку голема што денес дури три четвртини или 75 проценти од автомобилите што се произведуваат на глобално ниво поседуваат сериски вграден ABS.

Суштината на ABS е да ја подобри стабилноста и да му обезбеди на возачот да има целосна контрола над возилото спречувајќи ги тркалата да се блокираат при нагло сопирање.

Од оваа првична намена на ABS помогна да се развијат многу пософистицирани безбедносни системи кај автомобилите како што се програмот за електронската контрола на стабилноста ESP Electronic Stability Program и системот за контрола на тракција TCS Traction Control System.

Првиот систем што се вградувал во Mercedes S Класа бил наречен ABS 2 и е заеднички развоен проект на Mercedes-Benz и Bosch. Во основа системот го сочинува електронска управувачка единица, сензор што ја мери брзината на секое тркало поединечно и модулатор на сопирање во кого се наоѓат два или повеќе хидраулични вентили кои се составен дел од системот за сопирање. Првиот систем е наречен ABS 2 токму поради тоа што поседувал само два хидраулични вентили.

ABS фукнционира така што сопира на рати, односно доколку системот детектира дека било кое тркало или неколку од нив се вртат поспоро од останатите ја прилагодува силата на сопирање соодветно и со тоа му овозможува на тркалото да забрза пред повторно да ја зголеми силата на сопирање.

Еден просечен ABS може да го зголеми и намали притисокот во системот за сопирање, односно да ги активира и ослободи сопирачките и до 20 пати во секунда со што обезбедува константно вртење на тркалата и ја задржува управливоста и стабилноста на возилото и го скусува растојанието потребно за сопирање.


 

 

 

Facebook