Еве еден револуционерен нов концепт. Спортски автомобил
со „умни” гуми кои се адаптираат во зависност од условите на патот и според
вашиот стил на возење.
Наречен Epoch овој футуристички едносед не е дело на производител на
автомобили туку на корејскиот гумарски гигант Kumho.
Тркалата обуени во специјален електро-активен полимер кој
има варијабилни карактеристики. Со минувањето на електричната енегија низ
гумите тие го менуваат својот облик, обликот на шарата и нивото на тракција што
го остваруваат.
Но, ова не е единствената иновација вградена во Epoch. Неговата
шасија е направена од бамбус, додека деловите на каросеријата се конструирани
од рециклирана гума.
Моќноста доаѓа од систем за лебдење со помош на магнет,
односно систем за магнетска левитација кој досега ги докажа своите предности во
современите возови за создавање на тракција со вредност нула.
Покрај футуристичките иновации има една новина што е
достапна веднаш. За дополнителни 7 евра од цената на стандардната гума на Kumho, купувачот
може да добие миризлива гума.
Гумите се потопуваат во миризливо масло од лаванда
отпорно на топлина. Мирисот може да се почувствува внатре во автомобилот, но и
на оддалеченост од 25 метри. Во моментов оваа опција единствено е достапна само
за пазарот во САД.
|