|
Нема двојби дека притисокот во гумите е еден од најважните елементи за добри возни својства и оптимална потрошувачка, но се чини дека многу малку внимание возачите посветуваат на притисокот.

Производителите на гуми се свесни за оваа појава која се смета за сосема вообичаена и затоа ја земаат предвид при конструирањето на гумите. Во иднина издржливата конструкција ќе остане, но треба да се зголеми нивото на грижа.
Како да се направи тоа? Во време на современи комуникациски системи Continental планира да пласира систем кој постојано го следи притисокот во гумите и за неговото ниво го информира сопственикот преку неговиот SmartPhone.
Новиот систем навреме ќе го информира сопственикот преку неговиот мобилен доколку притисокот во гумите опадне, но исто така ќе го информира за притисокот при пумпање и ќе означи кога гумите се прописно напумпани.
На овој начин се избегнува возење со меки гуми, а воедно ве прави независни од неточното мерење на различните апарати за пумпање гуми кои се поставени на бензинските станици.
Системот на Continental наречен Filling Assistant преку звучен сигнал и трепкање на екранот на мобилниот информира дека гумите се меки, или пак, при пумпање информира дека е достигнат саканиот притисок.
Filling Assistant на Continental ја добива информацијата за притисокот преку сензор влеан во гумата кој е компатибилен со фабричката електроника на автомобилот и преку неа сигналот го испраќа до вашиот SmartPhone.
Според одговорните во Continental, системот Filling Assistant кој сеуште е во фаза на развој ќе биде спремен за сериско вградување во 2013 кога ќе бидат произведени и првите гуми со вграден сензор за притисок.
Сензорот за разлика од постоепките нема да биде поставен на вентилот, или пак, на бандажот, туку ќе биде влеан во задниот дел од газечката површина на гумата.
|