Get Adobe Flash player
Audi го клонира iPhone
19.10.2007
a1-mobile-phoneЕден од најинтиргантните аспекти на концептот на Audi A1 Metroproject Quattro е една направа која личи на iPhone и е сместена внатре во арматурата.

Имагинативно наречена Audi mobile device или мобилна направа на Audi, функционира како систем за авторизација за пристап во возилото, како мобилен телефон, систем за навигација, ауди и видео плеер. Се во едно.

Менито е моделирано според познатиот интерфејс на Audi, MMI кој се користи во поскапите модели на производителот од Инголштат.

Опремен со технолигии како Wi-Fi и 3G UMTS телефонот на Audi му овозможува на возачот да кореспондира со автомбилот, но и да го користи како MP3 плеер или влезна алатка за системот за навигација.

Дури може да се користи за вклучување на системот за греење во автомбилот пред да излезете од дома, што ги прави ладните зимски утра многу по подносливи.

Исто така зиме немора да претурате по џебовите додека се тресете за да влезете во топлата кабина едноставно со телефонот можете да го отклучите автомобилот.

Екранот осетлив на допир ги препознава и латиничното писмо и јапонските знаци, а способен е да распознава дури и ракопис.

Телефонот може да зачувува дури и фотографии снимени од камерата сместена во кабината на А1. Па така можете на фотографија да го фатите евентуалниот натрапник кој се обидува да ви го украде автомобилот и преку безжична врска да ја испратите истата до полиција заради препознавање на разбојникот.

А потоа ќе го вклучи трагачот вграден во автомобилот кој преку GPS ве информира за точната локација на вашиот миленик во реално време.

Е ај сега да ги видиме арамииите на дело.

Мобилниот на Audi има само четири главни копчиња за избирање на главните функции во менито. Иако е претставен само како концепт наскоро можеме да ги видиме и останатите производители како развиваат слични направи во иднина што е логичен след на настаните со олку брзото напредување на автомобилската електроника.

Доколку се случи тоа во иднина нема да се загледуваме во клучевите за да знаеме што возат луѓето, туку ќе гледаме во нивните мобилни телефони.

 

 

 

 

Facebook