Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Безбедносни технологии на Volvo
18.12.2007
volvo-safety-technologies.jpgVolvo од секогаш бил е еден од лидерите во развојот на безбедносни технологии во автомобилската индустрија и што е уште поважно, ќе ја задржи својата позиција и во годините што доаѓаат.

Моментално инженерите на Volvo развиваат три безбедносни концепти. Првиот е предупредување и автоматско сопирањево за подобрување на безбедноста на пешаците, вториот е избегнување на судар со помош на автоматску управување и третиот е комуникација од возило на возило.

Првиот систем, предупредување и автоматско сопирање, користи радар со широк агол на детекција кој ја скенира околината за да детектира објекти кои се ноѓаат пред или околу автомобилот и доколку предвиди дека може да дојде до судир автоматски ги активира сопирачките.

Пред да му дозволи на компјутерот да ја превзеде контролата над возилото, системот го предупредува возачот со светлечки и звучен сигнал.

Вториот систем за избегнување на судар со автоматско управување користи камера која ја набљудува позицијата на автомобилот додека се движи меѓу две линии на коловозот. Доколку автомобилот почне да вијуга лево десно или ја мине лентата без вклучлен трепкач, тогаш возачот се алармира со звучен сигнал.

Системот исто така детектира кога автомобилот ќе мине во спротивната коловона лента и автоматски го враќа назад во соодветната лента за возење.

Третиот систем, комуникација возило на возило, може да прима информации од други автомобили кои се движат на патната делница или пак се наоѓаат веднаш зад некој непрегледен свијок.

Овие системи дефинитивно ќе помогнат за намалувањето на сообрќајните незгоди, но исто така означуваат вовед во целосна контрола над автомобилот.

Па така наскаоро можеме да очекуваме автомобилите да одбијат да достигнат или пак да ја надминат максимално дозволената брзина на тој дел од патот и што би било уште понеудобно да одбијат да забрзаат силовито онакак како што ние ќе посакаме во одреден момент.

Значи што ни носи иднината. Поголема безбедност, помало задоволство.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook