Get Adobe Flash player
BMW ги открива новите технологии за безбедност
31.10.2007
bmw-safetyКако што се зголемува метежот на градските улици од се поголемиот број на автомобили секоја година, така ќе се зголеми и бројот на комплицирани ситуации со кои ќе се среќаваме.

Затоа производителите на автомобили работат напорно на развојот на нови безбедносни системи кои му помагаат на возачот при извршување на потребните задачи при возење и како резултат на тоа значително ја зголемуваат безбедноста на патиштата.

Неодамна беа претставени системи за помош при паркирање и за превенција при напуштање на лента, а сега BMW ни дозволува да ѕирнеме во неговата безбедносна патна мапа на иднинта.

Напредокот во развојот на безбедносните системи во BMW лежи во областа на активната безбедност. Овие системи му асистираат на возачот во најважните моменти пред да се случи несреќата кога возачките грешки се препознаваат и корегираат. На тој начин се предвидуваат и спречуваат несреќите.

Инженерите до сега имаат развиено неколку нови технологии кои на крај си го наоѓаат патот до сериските автомобили на BMW. Ова си вклучува системот за нагло кочење за заштита на пешаци, асистентот за раскрсници, информација која го информира возачот дека вози по погрешен пат и систем за информации за свијок.

Друга правец претставува развојот на системи за комуникација меѓу автомобилите, кога оние автомобили што се разминуваат или патуваат близу еден до друг можат да комуницираат меѓу себе на интелегентно ниво и да разменуваат податоци за својата околина.

Аспектот што најмногу ни се допаѓа во BMW е нивната стриктна напомена дека и покрај еден куп иновативни системи вградени во автомобилот најголемата одговорност за управување со возилото лежи во возачот, кој во секое време со своето возење може да ги направи немоќни за да му помогнат или пак може дури и да ги исклучи.

 

 

 

Facebook