Get Adobe Flash player
BMW го открива својот концепт GINA
10.06.2008
bmw-gina-concept-1.jpgИднината пристигнува. Вака најавува BMW со својот лесен и визонерски концепт GINA Light Visionаry кој претставува еден вид предпремиера за начинот на конструирање на возила во иднината.

Името не е инспирирано од некоја прекрасна муза, напротив, тоа е акроним за Geometry and Functions In „N” Adaptations или геометрија и функции во „Nнеопределен број на – адаптации и го прикажува бројот на можни производствени решенија.

Формата GINA ја добива од еден вид ткаенина која е рaзвлечена врз метална рамка и наликува на кожа како кај живо битие бидејќи скоро и да нема рабови за разлика од класичните автомобили.

Предниот дел, хаубата, вратите создаваат една непрекината целина. Истото се случува и со задниот дел и на тој начин е формиран изгледот на автомобилот.

За да се создаде едно вакво флексибилно тело развојните инженери ги отфрлиле вообичаените компоненти кои ја сочинуваат каросеријата кај автомобилите како што се хауба, крила, врати, кров, капакот на багажникот. И место нив е употребен нов вид на структура со минимален број на компоненти потребни за создавање на каросерија.

Специјалната ткаенина која врз себе ја превзема улогата на каросерија е поставена врз метална жичана конструкција. На одредени специфични точки каде напрегањата се поголеми, челичните жици се поткрепени со пречки од карбон-фибер кои имаат поголема флексибилност.

На овој начин е создадена просторна шасија која е предвидена за максимална заштита на патниците со што се задоволуваат параметрирте предвидени од краш тестовите. Понатаму крутоста на шасијата овозможува одлични динамички карактеристики и нема потреба од дополнителни укрутувања што кај класичните автомобили ги обезбедуваат надворешните каросериски панели.

Прво прашање кое го поставуваат сите што ќе се сретнат со GINA е како се отвораат вратите, хаубата, багажникот? Одговорот лежи во електро-хидрауличната контрола на подвижните делови од шасијата со кои управува возачот во зависност од потребите и желбите.

Па така за отоврање на вратите, хаубата, багажникот се што е потребно е да се притисне соодветното копче. Нормално по задвижувањето на дел од металната конструкција на шасијата се менува и обликот на кожата, односно таа се набрчкува, исто како и кај живо битие кога ќе мрдне дел од своето тело.

Со мрдање на кожата автомобилот ја менува својата форма и се прилагодува во зависност од желбите на возачот, но и од потребата за функционалност.

Ова јасно може да се види при отворањето на вратите, но, формата ја следи функцијата, најдобро се забележува при палење на светлата. Кога светлата се изгасени тие се сокриваат под специјалната ткаенина која ја игра улогата на кожа. Но, кога возачот ќе ги запали контурите на предниот дел се менуваат исто како кога човек ќе отвори очи, очните капаците се повлекуваат.

Фантастично!

BMW има долга традиција на употреба во сериско производство на технологиите што ги прикажува преку своите концепти, па така може да се очекува дека еден ден новите методи на конструирање претставени преку GINA ќе ги сретнеме и во серија.

Сепак, во BMW се децидни кога велат дека за сега GINA е концепт кој исклучиво служи за истражување и за презентирање на нови идеи. Но, треба да се внимава на зборовите „за сега”. BMW не е спремен да се откаже од својата традиција.


 

 

 

Facebook