Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW ќе користи скенер за лице
14.03.2008
bmw-skener-za-lice-1.jpgДа се направи соодветен сигурносен систем кој ќе оневозможи оние со лепливи прсти да дојдат до незаконско стекнување на право врз вашето возило во денешно време не ниту малку едноставно.

Технологијата оди напред како кај производителите на автомобили така и кај арамиите. Во потрага по совршен сигурносен систем некои производители почнаа да експериментираат со систем за распознавање на лицето на возачот.

Всушност станува збор за еден вид скенер кој го скенира лицето на човекот што седи зад волан и кој според промените на лицето може да препознае дали возачот е сопственик на возилот, дали е на пат да заспие додека вози, дали има алкохол во крвта.

Но, во BMW одат чекор подалеку. Тие овој систем сакаат да го искористат и за персонализација на автомобилот. Имено целта е со скенирање и препознавање на лицето на сопственикот покрај дозволата да го стартува автомобилот, системот веднаш да го поддеси седиштето, воланот, ретровизорите омилената радио станица итн.

Понатаму развојните инженери на BMW сакаат системот да влијае и на сетапот на механичкиот дел од автомобилот. Имено со препознавање на ликот да се поддеси амортизацијата, ECU на моторот во зависност дали возачот сака полежерно возење или е мераклија да стиска врз педалот за гас, соодветно и начинот на менување на степените во менувачот.

Предноста на системот на BMW е во тоа што истиот автомобил можат да го возат повеќе лица и автомобилот без било каква наредба да може да ги поддеси параметрите соодветно на возачот кој во тој момент е зад воланот.

Секако сопственикот на располагање има посебен код кој овозможува автомобилот да го вози механичарот додека е во сервис, но на истиот нему дозволува премногу да ужива зад воланот.

Во склоп на системот одделот за развој на BMW работи и на управување со одредени функции на автомобилот преку мобилен телефон како што е стартување на моторот, заклучување/отклучување на вратите, затворање/отворање на прозорите и слично.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook