Get Adobe Flash player
BMW нова генерација резервоар за водород
04.06.2008
bmw-rezervoar-vodorod-1.jpgОдделот за развој на BMW, Forschung und Technik, претстави нова генерација на резервоар за водород со што баварците се чекор поблизу до сериско производство на возила со погон на водород.

Новиот систем за складирање на водород во течна агрегатна состојба е развиван во соработка со компании како Air Liquide, Daimler AG, Dynetek Europe и Ford. Самиот резервоар е направен од последната генерација на композитни материјали и е далеку побезбеден од досегашните резервоари направени од челик.

Конструкцијата од композити покрај високата отпорност и цврстина овозможува тежината на резервоарот да се намали за една третина од онаа на класичен цилиндричен резервоар за водород направен во челик.

Уште една голема предност на композитната конструкција е што таа дозволува обликување на резервоарот според просторот што го нуди возилото во кое се вградува.

На тој начин за секој тип на автомобил може да се излие посебен резервоар, што според конструкторите ја намалува цената на чинење и ја зголемува флексибилноста и дијапазонот на употребна вредност.

Конструкторите велат дека резервоарот без проблем може да биде наполнет со 10 килограми водород што на идното возило ќе му овозможи автономија од преку 560 километри. Слично како денешните автомобили што возат на бензин.

За споредба BMW Hydrogen 7 со сегашниот резервоар може да мине едвај 160 километри.

 

 

 

Facebook