|
15.01.2008 |
Добавувачот на автомобилски компоненти Valeo повторно
го актуелизира системот за отворање на вентилите во моторот во отсуство на
брегасто вратило.
Иако развојот на системот чива најава предизвика бура
години наназад беше ставен под забрана сега повторно се актуелизира. Valeo продолжува
со развојот на системот за мотор без брегасти вратила кој користи
електромагнети за подигање на вентилите.
Ваквиот систем дозволува бесконечно многу варијации при
контрола на вентилите благодарение на управувачките параметри кои ги диригира
комјутер. На овој начин според пресметиките емисијата на издувни гасови би се
намалила за 20 проценти, а паралелно би се зголемиле и перформансите на
моторот.
Системот кој се развива во соработка со Jacobs
Vehicle Systems и Lotus Engineering не е без маани.
Проблем претставува вградувањето посебно кај моторите со три и четири вентили
на цилиндер.
Иако Valeo сеуште не потпишал договор се некој од производителите
на автомобили се поврзува со Fiat кој сака да вгради ваков систем во новиот мотор од 900
сс кој ќе се вградува во 500 во 2009 и го нарекува Multiair. Истиот
мотор, но со турбо полнач во Fiat го планираат и за новиот најмал модел на Alfa
Romeo.
|