Get Adobe Flash player
Хакната ECU на Nissan GT-R
14.04.2008
nissan-gt-r-1.jpgСо констриурањето на својот спортист GT-R, во Nissan сметале и на тоа дека тјунерите ширум светот веднаш ќе побрзаат да го модификуваат и да извадат што повеќе коњи од неговиот мотор.

Затоа неговите инженери се погрижиле што подобро да ја заштитат од ремапирање ECU на моторот. Но и покрај многубројните заштити тјунерските хакери се неуморни и конечно успеаја да ја пробијат.

Идејата на инженерите на Nissan беше ECU на моторот на GT-R да биде слободна за делимитирање само кога автомобилот се наоѓа на тркачка патека.

Преку GPS врска електронската контрола на моторот на GT-R добива информација дека автомобилот се наоѓа на тркачка патека по што се отвора каналот преку кој може да се направи ремапирање и да се подигнат перформансите на моторот и максимланта брзина на автомобилот.

Сето ова е направено со цел зголемување на безбедноста и неможност за дивеење по обичните патишта и градски улици. Толку од добрите идеи на инженерскиот тим на Nissan кои ги уверуваа клиентите дека ECU на GT-R е толку софистицирана што нејзиното пробивање е многу тешко.

Но, не и невозможно. Тјунерската куќа COBB Tuning од САД успеала да го пробие лимитаторот на брзина и сега работат на пробивање на другите модификации како контрола на доводот на гориво и притисокот во турбополначот.

Во моментов Nissan GT-R се продава само на јапонскиот пазар, иако од пред некој ден почнаа да се прават нарачки и за пазарот во Велика Британија.

За јапонскиот пазар максималната е ограничена на 180 km/h се додека автомобилот на дојде на некоја од тркачките патеки на јапонските острови кога ECU, како што рековме, добива сигнал преку системот за навигација GPS и тогаш го трга ограничувањето.

Моделот на кого работеле во COBB е наменет за јапонскиот пазар бидејќи сеуште не е направена спецификација за останатиот дел од светот. Со отстранет лимитатор на брзина GT-R, како што пишувавме, остварува максимална брзина од 310 km/h.

 

 

 

Facebook