Get Adobe Flash player
Continental развива евтин хибриден погон
10.06.2007
hybrid_fiat_schema Многумина сметаат дека со хибридниот погон може брзо да се излезе од кризата со СО2. Проблемот е само тоа што е скап - барем досега. Continental ќе ја намали и цената и потрошувачката со еден интелигентен систем.


Карл-Томас Нојман е убеден: за да се исполнат идните климатски цели хибридниот погон е нрзаобиколив. „Тој е најголемиот и најважен елемент за намалување на СО2”, објаснува шефот за развој на автомобилски системи во Continental. Досега високата цена му го попречуваше патот на хибридниот погон. Continental ќе го промени тоа со еден интелигентен систем за хибридните возила од следната генерација. „Хибридот не би смеело да е поскап од дизелски модел”, тврди Нојман.

Сегашните хибридни системи отпосле се вградувани во веќе постоечки возила и цената расте поради тоа. Затоа, следната генерација возила ќе биде предвидена за погонската комбинација од мотор со внатрешно согорување и електромотор и со тоа ќе биде поевтина. Место да се конструира нов хибриден погон за секој нов модел, Continental предлага приспособлив систем.

Со него ќе може да се опремуваат сите возила, од градски буви до големи теренци. Така ќе се обезбеди производство во голема серија на одделните делови од хибридниот погон и намалување на цената. Системот нема да се користи само за хибридни возила. Компонентите од погонот може да се користат и за возила што се движат само на електрика, исто како и за возила со погон на водород”. Каде што има струја, има место и за системот на Continental.

Фирмата што ги снабдува автомобилските производители со компоненти има приспособено еден црн Golf GTI, кој функционира како т.н. умерен хибрид. Автомобилот не може да вози чисто на струја како што тоа го умее Toyota Prius. Ако електромоторот се исклучи, бензинецот од 1,6-литри во овој Golf работи тромаво. Но, кога ќе се притисне копче за да се активираат дополнителните 20 КС на електромоторот, на штедливецот повеќе не му недостасува сила и се претвора во спортист. Електромоторот испорачува до 120 њутнметри вртежен момент и тоа токму во подрачјето во кое бензинците имаат слабост, во долното подрачје на вртежи. Инженерите на шега го нарекуваат овој систем „еколошки турбополнач”.

Автомобилските производители имаат повеќе можности да го користат овој потенцијал. Може да се користи помал мотор со внатрешно согорување за да се намали потрошувачката или пак на возачите да им се понуди повеќе уживање во возењето без дополнителни трошоци за гориво. Во GTI на Continental покрај хибридниот мотор има систем за автоматско гаснење на моторот при запирање на семафор и систем за поврат на енергијата при сопирање, кој може да се активира и додека возилото се движи под инерција.

Потрошувачката на тест-возилото во моментов е спуштена за 10 проценти, а техничарите се надеваат дека ќе можат да постигнат и 15 проценти. Со електромотор од 4 киловати емисијата на СО2 се намалува за шест, со 10 киловати за 15 и со 20 киловати за 23 проценти. Но, со тоа се уште не се исцрпени сите можности. Во автомобил може да се сместат до 50 киловати.

Електромоторот се претвора во генератор при сопирањето и ја акумулира енергијата, која ќе се искористи при следното забрзување. За да се оптимира заедничката работа со системот за сопирање, Continental разви електрохидраулична сопирачка. Притискањето на педалот за сопирање не се пренесува до задната оска хидраулично, туку по пат на електрика. Напред се е како и досега. Техничарите сакаат постепено да ги привикнат возачите на новите сопирачки. Чувството при притискање на педалот е исто како кај обичниот хидрауличен систем.

 

 

 

Facebook