Една од најтешките одлуки при купување на нов автомобил е
изборот на боја, но денот кога автомобилите ќе ја менуваат бојата може да дојде
побрзо отколку што очекуваме.
Научниците развија нова боја која се нарекува
„парамагнетска” боја која има способност да се смени на додирот на копче.
Производителот што е заинтересиран за оваа боја е Nissan кој веќе
има развиено боја која сама се лечи во случај на гребење.
Парамагнетна боја, всушност е еден вид парамагнетен
материјал. Парамагнетизмот е форма на магнетизам кој се јавува само во
присуство на друго, надворешно магнетно поле.
Суштината е во привлекувањето на парамагнетните
материјали од магнетно поле, при што, во случајов бојата, може да ги смени
своите совојства и да ги задржи дури и кога престанало влијанието на
надворешното магнетно поле.
За разлика од феромагнетите кои исто така ги привлекува
магнетно поле, парамагнетите не го задржуваат магнетизмот кога ќе пресатене
дејството на надворешното магнетно поле.
Како тече постапката на боење со парамагнетна боја?
Пред боење врз автомобилот се нанесува специјален полимер
кој содржи парамагнетни честички на железен оксид. Потоа се пушта електрична
струја која ја поддесува меѓусебната раздалеченост на ситните кристали кои се
наоѓаат во железниот оксид и со тоа влијае врз нивната способност да го
рефлектираат светлото и да ја менуваат бојата.
Овој процес е совршен за објекти изработени од метал,
како што се на пример, по некоја случајност и автомобилите, бидејќи потребна е
слаба континуирана електрична струја за да се постигне и да се одржи
посакуваната боја.
Кога моторот ќе се изгаси, автомобилот ја враќа
оригиналната боја која во случајов е бела.
Ваквиот начин на боење има можност да ја репродуцира
секоја боја кој е видлива за човечкото око, а потребно помалку од една секунда
за да се „пребои” целиот автомобил.
Првата комерцијална апликација би можела да дојде на
пазарот уште во 2010.
|