Get Adobe Flash player
DSG со 7 степени
30.12.2007
dsg-old-vw.jpgVolkswagen одлучи да ја опреми следната генрација на Golf со нов менувач со две спојки и директно менување на степените или DSG Direct Shift Gearbox, но сега со 7 степени на пренос.

Веќе знаеме дека овие менувачи го нудат најдоброто од двата света односно претставуваат совршен спој на мануелен и автоматски менувач. Концептот е многу едноставен, функционира како мануелен менувач, но кој наместо една има две спојки. Една за непрани степени и друга за парни степени.

Спојката ја контролира компјутер исто како и избирањето на степените, па така додека на пример се наоѓате во втор степен и забрзувате компјутерот веќе го пред селектирал третиот степен на второто вратило и се што треба да направи е да ја исклучи спојката од активното вратило и да ја вклучи од неактивното вратио. На овој начин се обезбедува течно менување на степените без губиток на енергија.

Истот се случува и при менување надолу низ степените. Единстевно во тој случај компјутерот внимава и на бројот на вртежи на моторот. Вратилата на кои се наоѓаат запчениците и спојките се наоѓаат едно во друго, ова овозможува DSG менувачот да биде компактен подеднакво како и еден мануелен менувач.

Новиот седум степен DSG (фотос долу) на Volkswagen има две новини. Покрај тоа што е првиот 7 степен DSG монтиран напред попречно е и првиот што има две суви спојки, нместо спојки потопени во масло.

Со користење на суви спојки новиот DSG постигнува уште поголема ефикасност и заштеда на гориво. Може да издржи максимален вртежен момент до 250 Nm, а во просек заштедува по 0,7 литри гориво на 100 изминати километри во однос на својот претходник (фотос горе) спарен со познатиот 1.9 литарец TDI.

Новиот DSG воедно им помага на возачите полесно да кинисаат на нагорница бидејќи е опремен со Hill-start assist кој привремено ја активира сопирачката спречувајќи возилото да се стркала наназад, додека возачот на притисне врз педалот за гас.

Во старт менувачот ќе се вградува кај Golf и Golf Plus со 1.4 литарскиот бензинец TSI со 120 коњски сили и 1.9 литарскиот TDI со 105 коњски сили. Секој што ќе посака да вози со овој менувач ќе мора да доплати 1.750 евра во однос на истиот модел со мануелен менувач.

dsg-new-7-sp-vw.jpg

 

 

 

Facebook