Get Adobe Flash player
Дупло пониска потрошувачката со нов мотор
18.06.2007
nevis1Италијанската компанијата Nevis Engine е на крајот на втората фаза од тестот на прототипот на мотор кој ја смалува потрошувачката за двапати во однос на конвенционален мотор.

Во срцето на конструкцијата лежат две новини. Нов циклус на согорување крстен како – Бортоне циклус - по пронаоѓачот Цезаре Бортоне и целосно нов мотор, кој ќе биде на располагање во конфигурации од еден до осум цилиндри.

Конструкцијата според инженерите на Nevis постигнува скоро совршено согорување во сите нивоа на оптеретување на моторот, како што се возењето низ град или на автопат. И може да биде поддесен да работи на бензин, дизел, био-гориво па дури и водород.

Некои од главните значајки на новиот мотор се клипови во форма на крофна – торусни клипови. Мала тежина и габарит и единствениот Бортонеов циклус кој во основа е двотактен, но остварува 3 пати по 2, односно шест такта при еден вртеж, наспроти традиционалниот четири тактен мотор.

За да се добие претстава за перформансите на овој мотор се истакнува дека верзија со два цилиндри и зафатнина од 1.0 литри според проценките остварува околу 250 коњски сили при неверојатно ниски 2.000 вртежи. Овој мотор тежи 80 килограми има варијабилна компресија која се движи од 7:1 до 38:1 и носи 3 бризгалки и 3 свекички по цилиндер. Фантастично.

Единствено што ни останува е да се надеваме дека сето ова ќе ги надмине границите на фантастиката. И дека не е ветер и магла.

На фотографиите е пресек на двоцилиндарецот на Nevis, пресек на еден цилиндер и целосно склопен мотор.

nevis4nevis3nevis2

 

 

 

Facebook