|
06.08.2007 |
VW работи на електронско сенило за сонце. Слично на
стаклениот кров на Maybach и слични луксузни лимузини системот се наоѓа во
ветробранот и ја затемнува потребната површина.
Во VW го објаснуваат како електронски ситем против заслепување
кој користи електронска матрица управувана од компјутер.
Ова всушност значи дека позицијата на окото на возачот и
податоците што ги добива сензорот за сонце вграден во ветробранот се
обработуваат во комјутер. Кој потоа доаѓа до заклучок од каде доаѓа сонцето кое
му пречи на возачот и прави темна точка на дел од ветробранот за да го блокира
сонцето.
Според инженерите оваа точка шета по ветробранот и ги
следи движењата на главата. Во моментов за оваа технологија да се оствари е
потребно специјално стакло кое со омасовување ќе стане поприфатливо.
Чудо од техника. Ова што може да се забележи на
фотографијата е затемнување само на горниот дел од ветробранот чија ширина би
требало да варира нели? И ќе биде од голема помош наутро или навечер кога
сонцето е ниско на хоризонтот и обичните сенила за сонце не можат да ви
помогнат.
Никој сеуште не знае колку оваа темна точка која шета по
ветробранот ќе му пречи на возачот но освен оваа загрижувачка ситница во VW уверуваат
дека ситемот е совршен.
Прв автомобил од концернот кој ќе го добие електронското
сенило ќе биде некој од моделите на Bentley.
|