Групата Fiat и одделот за автомобили на Microsoft најавија
нов систем наречен Blue&Me кој треба да им овозможи на возачите
да го намалат своето влијание врз животната средина.
Новиот систем е претставен на салонот во Франкфурт каде
одговорните од Fiat демонстрира дека грижата за животната средина за еден
производител на автомобили не треба да престане во моментот кога ќе му го
продаде возилото на купувачот.
Системот EcoDrive овозможува грижата да продолжи, односно производителот
да се информира за начинот на кој нивните клиенти ги возат нивните автомобили.
За што станува збор. Денес официјалните бројки за
потрошувачката на автомобилите и за емисијата на издувните гасови, кои патем се
пропишани од европската унија, се добиваат од автомобил поставен на динамометар
за тестирање и ги вози професионален возач.
Тестот се одвива во контролирани услови – одредена
температура, притисок и влажност на воздухот – и однапред дефиниран програма за возење –
одредена брзина, време на патување и прецизно одредени вртежи кога се префрла
во повисок или понизок степен на пренос – со исклучено радио, клима уред,
светла и други потрошувачи на енергија.
Но, реалноста е сосема поинаква. Затоа потрошувачката и
емисијата на издувни гасови кога се наоѓате зад воланот не се совпаѓаат со оние
наведени од фабриката.
Тоа е нормално бидејќи во релани услови овие параметри
зависат од многу фактори. Дали автомобилот се вози во град или пак во рурална
средина, на автопат или регионален пат. Потоа, техничката состојба во која се
наоѓа автомобилот не е секогаш совршена, а голема улога има и вештината и
познавањето на возачот и начинот на кој управува со возилото.
Заклучокот е дека овие два начини на одредување на
параметрите околу висината на потрошувачката и емисијата на издувни гасови
треба да се спојат. Односно на совршените вредности добиени од лабораториски
услови да им се додадат реалните и од тоа да се најде некаква средина.
Тука настапува EcoDrive. Системот ги
собира сите потребни информации што се однесуваат на возилото и начинот на
возење што директно се одразува на неговата потрошувачка. И по пат на Blue&Me што
всушност претставува USB порта ги префрла сите податоци на USB мемориски
клуч кого возачот потоа го прикачува на PC.
Така системот EcoDrive на возачот му
презентира детални информации за висината на емисијата на СО2 на неговиот
автомобил за секое патување одделно. Го анализира стилот на возење и потоа му
дава совети и препораки како да го модификува начинот на возење за да ја намали
емисијата на СО2 и притоа да заштеди намалувајќи ја потрошувачката.
EcoDrive има за цел да го натера возачот да му приоѓа на возењето
без суета и да си поставува предизвици додека се наоѓа зад воланот со што ќе ја
смали потрошувачката на гориво. На тој начин EcoDrive ќе им помогне
на возачите подобро да го разберат нивниот начин на возење и да се адаптираат
за да го намалат својот удар врз животната средина.
EcoDrive се базира на палтформата Blue&Me којa освои
бројни награди за својата иновативност, а е развиен во соработка со Fiat и Microsoft.
Развојот на проектот почна пред четири години и досега ги потврди своите
предности кај автомобилите од прогармите на Fiat, Alfa
Romeo, Iveco и Lancia.
Оваа најнова технолошка досетка е развиена на
флексибилната софтверска платформа Microsoft Auto, развиена во Microsoft
и надополнета со иновации од Fiat за да се создаде еден систем за информирање наречен Blue&Me.
EcoDrive ќе биде достапен сериски во некои модели на Fiat
стартувајќи од 2008.
Кликнете тука за подетален опис како работи EcoDrive!
|