Get Adobe Flash player
Fiat најавува платформска револуција
27.05.2010

Fiat одлучи да ја обелодени технологијата која се сокрива зад новата глобална платформа на компанијата наречена Compact Global Modular Architecture на која е поставена и новата Alfa Romeo Giulietta.

fiat-global-platform-2010-1

Всушност Alfa Giulietta е првиот автомобил којшто е поставен на новата платформа на која ќе почива и поголемата Giulia наследникот на Alfa 159 и претставува основа за развој на иднината на групацијата Fiat.

Имено еден куп идни модели на Fiat, Lancia, Alfa Romeo, Chrysler и Dodge ќе почиваат токму на неа. Тајната на олкавата нејзина растегливост лежи во збирот на модули од кои е составена и кои овозможуваат развлекување и по ширина и по должина за да може да се прилагоди на модели од различни сегменти.

Според наводите на инженерите на Fiat новата платформа ќе може да здоми се од компактни до автомобили од средната класа, моноволумени, кросовери и теренци. Токму најавата за новиот голем и луксузен SUV на Alfa се врзува со неа.

Исто така појавата на новата генерација на Fiat Bravo и на Fiat Croma и нивните варијанти и подваријанти се врзуваат за неа. Од Fiat истакнуваат дека можностите за модификација на новата платформа се безмалку бесконечни и тоа ќе им овозможи пласирање на пазарот на многу нови модели во годините што доаѓаат.

Што значи сето ова. Платформата покрај менувањето на меѓуоскиното растојание може да ја менува и трагата и ширината на автомобилот во повеќе варијанти.

Понатаму може да се менува должината на предниот превис во две нивоа, а задниот во повеќе нивоа. Следи различната висина на поставувањето на базата на предното стакло исто така во две нивоа што ја прави разликата меѓу автомобил и SUV.

Платформата нуди можност за поставување на погон на четири тркала и дозволува ослободување на повеќе простор за сместување на тркалата кај SUV моделите и нивниот поголем вертикален од заради совладување терен.

Предниот дел на платформата кој го носи моторот, предното потпирање и зоната на гмечење при евентуален судар ќе биде ист за сите модели, а задниот носечки мост ќе може да претрпува модификации.

Меѓу нив ќе може да се монтира модул на централниот дел од шасијата кој ја носи кабината. Модулот може да биде во различна големина во зависност од потребите и видот на возилото.

Исто така во зависност од видот на возилото ќе може да се менува ширината на предниот и задниот носечки мост, наведената висина на предното стакло, превисите и позицијата на прицврстување на предните врати.

Задниот мост дополнително ќе може да носи диференцијал со полусовини, односно полувратила за пренос на снагата назад кај моделите со погон на четири тркала.

Конструкцијата на задниот мост е мултилинк, но конструкцијата односно бројот на попречни водилки ќе зависи од цената на возилото. Па така поевтините модели ќе имаат упростена верзија на мултилинк.

Предниот мост од друга страна по конструкција ќе биде тип McPherson кај сите модели без измени. Секако сетапот на пружините и амортизерите и вертикалниот од на тркалата повторно ќе зависат од моделот.

 

 

 

Facebook