|
Информацијата која доаѓа директно од европскиот оддел на Ford вели дека новиот Ford Focus од следната година ќе добие безжична интернет конекција WiFi преку системот Sync c MyFord.

Сложеното име на системот на Ford е уште еден од многубројните називи за новата генерација на системи за инфромирање и забава во автомобилите познати како „infotainment system”.
Системот ќе нуди WiFi или безжична интернет врска внатре во автомобилот која ќе биде заштитена со лозинка и на неа ќе можат да се приклучат до пет апарати преку кои ќе може да се пристапува на интернет.
Оваа врска сигналот ќе го добива од мобилната телефонија преку модем 3G кој се приклучува на USB приклучокот во автомобилот, или преку мобилен телефон од типот Smartphone.
Интересно е што во државите од Западна Европа оваа интернет врска ќе биде бесплатна за сите сопственици на Ford Focus, но не се знае како сето ова ќе функционира кај нас.
Новиот Focus е првиот автомобил од компактната класа во Европа кој ќе биде опремен со безжична интернет конекција, а Ford ќе продолжи да го вградува и во другите модели.
„Нашите истражувања велат дека клиентите на Ford, посебно оние што се заинтересирани за Focus, се луѓе кои и се предадени на технологијата и додека патуваат сакаат да имаат интернет конекција во својот автомобил. Затоа ние им го поклонуваме тоа,” вели Кристоф Келервесел главен инженер за електроника на Ford.
Стабилна интернет врска со добра брзина е од голема важност за се поголем број на луѓе. Токму тоа го нуди системот Sync кој ќе биде вграден во Ford Focus од следната 2012 година.
Покрај вградувањето на овој систем охрабрува и информацијата дека Ford постојано работи на негово унапредување и дека во иднина системот ќе може постојано да се надградува софтверски кога тоа ќе биде потребно.
|