Get Adobe Flash player
Ford со нов безбедносен систем
10.04.2008
ford-blind-spot-mirror-1.jpgВо обид да се зголеми безбедноста пред се при возење во град инженерите на Ford развија два нови системи со кои се зголемува видливоста посебно при излегување од пaркинг.

Првиот систем е едноставен и се состои од дополнително малечко огледало поставено во ретровизорот кое го покрива слепиот агол, а вториот е радарски систем чија цел е детектирање на возило или пречка  кои се наоѓаат во мртвиот агол.

Новиот ретровизор е подготвен за сериско производство и ќе биде поставен на сите возила на Ford како сериска опрема од 2009 натаму, а се состои од интегрирано конвексно огледало кое го покрива само мртвиот агол.

Радарскиот систем наречен Cross Trafic Alert или предупредување за попречниот сообраќај ги детектира возилата кои минуваат попречно зад возилото додека тоа се движи наназад при излегување од пракинг или попречна уличка, но исто така алармира и за возилата кои се наоѓаат во мртвиот агол при нормално возење.

Овој систем се состои од два сензори со домет од 20 метри поставени на заданиот браник кои го детектираат возилото што поминува додека возачот вози во рикверц и го предупредува преку активирање на сијаличка во соодветниот страничен ретровизор.

Вградувањето на радарскиот систем во возилата на Ford исто како и комбинираниот ретровизор стартува од 2009, но само како опција.

Секако Ford не е единствениот производител на автомобили на пазарот со еден ваков систем за надгледување на сообраќајот во мртвите агли на возилото, но убаво е кога се знае дека овие системи кои до сега беа резервирани за луксузните марки како Mercedes и Јaguar од сега ќе ги гледаме и кај обичните автомобили.


 

 

 

Facebook