|
17.07.2007 |
Можеби не е толку импресивен како S-AWC
на Mitsubishi, новиот погон на четири тркала XWD на Saab развиен во
соработка со Haldex сеуште има неколку асови во ракав вредни за спомнување.
Предвиден да се појави со разубавената гама 9-3, XWD и неговиот
електронски контролиран диференцијал ќе го подигнат степенот на безбедност на Saab
и ќе го направат многу позабавен за возење.
Интелигентниот погон на четири тркала може да насети
колкав е степенот на пролизгување во дел од секундата и континуирано го
прилагодува распределувањето на вртежниот момент за да обезбеди оптимална
тркација и стабилност на возилото.
Вртежниот момент може да се распределува независно
меѓу двете оски и меѓу две тркала на иста оска. Дури 85 проценти од вртежниот
момент може да биде распределен на одделно тркало, а во условите кога не постои
големо оптоварување 96 проценти се префрлаат на предните тркала за подобрување
на економичноста.
Всушност станува збор за четврта генерација на погонот
на четири тркала на Hаldex, првиот модел на Saab кој ќе биде опремен
со XWD ќе биде Aero со V6 и 280 КС, кој воедно ќе стане првиот фамилијарен
автомобил со електронски контролиран диференцијал.

|