Get Adobe Flash player
Honda предупредува од крадци
05.05.2008
honda-sat-nav-1.jpgВозачите во Јапонија сопственици на модели на Honda кои имаат вграден систем за навигација добиваат предупредување доколку возат се доближат до место со зголемена стопа на криминал.

Системот на Honda користи информации кои ги дава локалната полиција и ги рангира населбите според степенот на ризик за навреме да го советува возачот дека се наближува до место каде се случуваат поголем број на кражби на автомобили или автомобилот бил насилно отворен и било украдено нешто од него.

Предупредувањата одат дотаму што ги алармираат возачите и за места каде автомобилите биле оштетувани, изгребани, искршен рeтровизор и слично.

Ова е најновата технолошка новина која ги прикажува можностите што ги нуди современата сателитска навигација и придружните системи. За сега овој начин на комуникацијата со возачот се нуди само во Јапонија, но во Honda потврдуваат дека слични вакви системи во догледно време ќе бидат понудени и на останатите пазари.

Пред се во план е воведување на системот во САД и во Западна Европа.

 

 

 

Facebook