Дефинитивно Nissan се наоѓа во технолошки подем. Развива нова технологија
која ќе муовозможи на возачот да патува подолго и да оди подалеку со значително
помалку концентрација.
Новиот систем наречен (LDP) Lane Departure Prevention или
превенција при напуштање на коловозна лента користи камери поставени во
страничните ретровизори кои го надгледуваат растојанието меѓу возилото и
линиите кои ја обележуваат коловозната лента и можат автоматски да го
корегираат правецот на возилото со користење на вграден систем за динамичка
контрола на стабилноста доколку тоа почне да оди настрана.
Првите автомобили во кои ќе се вградува LDP се моделите М на Infinity и новиот ЕХ, но
подоцна ќе го носат сите идни модели на Infinity.
„Кога премногу ќе се доближите до линијата на коловозната
лента, првата работа што ќе ја направи LDP е да ве предупреди
зо звучен сигнал - биип и да ви даде визуелна слика дека сте се доближиле до
линијата,” вели Боб Јакуши директор на одделот за безбедност на американскиот
огранок на Nissan.
„Доколку продолжите да го игнорирате ќе го активира
системот за динамичка контрола на стабилноста и ќе ги активира сопирачките на
спротивната страна од правецот на застранувањето. Па така доколку застранувате
во десно системот ќе ги активира сопирачките на левата страна од возилото и
нежно ќе ве врати назад во лентата.”
Со свртување на воланот или вклучување на трепкачи
системот автоматски се исклучува, а исто така постои и копче монтирано на
воланот со кое целосно се исклучува.
Создавачите на системот воедно тврдат дека постојат
одредени услови кога системот неможе да функционира правилно како што е на
пример густата магла.
Добро е што инженерите ги признаваат недостатоците на
системот, но токму во вакви услови како што е густата магла неговата помош е
пресудна.
Се надеваме дека до пуштањето во серија инженерите ќе најдат
начин како да го решат овој проблем.
|