Земјата на изгрејсонцето од секогаш знаела да изненади.
Тоа се должи на фактот што нејзините жители никогаш не се плашеле да ги
претворат своите идеи и визии во реалност.
Токму тука се темелите на јапонскиот технолошки бум кој
неможе да го достигне ниту една држава и нација на планетава. Тие веќе покажаа
дека се способни да создадат пат што пее, а кога еден пат може да пее зошто
тогаш еден мост не би можел да создава електрична енергија.
Мостот што се протега над реката Аракава во Јапонија
ги искористува вибрaциите што се создаваат при секое минување на автомобил и на
тој начин ги напојува со струја светлата што го осветлуваат.
Експерименталниот период е надминат, идејата функционира
и сега инженерите се подготвуваат да го рашират проектот и со оваа технологија
да опремат уште четири моста.
За да се објасни начинот на функционирање луѓето што
работата на развојот даваат едноставни примери. Целата работа са заснова на
принципот на трансформирање на импулси. Ова е добро познато секому бидејќи тоа
е начинот на кој функционираат звучниците претворајќи го електричниот импулс во
механичко движење, односно во вибрација што човечкото уво ја препознава како
звук.
Во дадениот случај процесот е обратен, односно
механичките вибрации се претвораат во електричен импулс. Тоа го прави соодветна
опрема која е монтирана на одредени точки на мостот, каде вибрациите се
најголеми. Таа ја превзема енергијата, која инаку би била потрошена залудно произведувајќи
звук – бучава, и ја претвора во нешто искористливо во случајов електричен
импулс или електрична енергија.
Иако целиот систем функционира истражувањето е на почеток
и сеуште неможе да се утврди колкаво е количеството на електрична енергија што
може да се генерира на овој начин. Исто така не е јасно со колкава ефикасност
работи системот и како да се стигне до произведување на што поефикасни системи
од ваков вид.
Секако на овие прашања одговорите што туку почнале да
пристигнуваат, а повеќе може да се очекува во иднина. Јапонските инженери не се
откажуваат од проектот и што е уште поважно имаат добра поддршка бидејќи дури и
во почетна фаза системот покажува дека е ефикасен и дека нуди одличен сооднос
вложено/добиено.
И кога патиштата можат да пеат, а мостовите да
произведуваат електрична енергија, можеме да очекуваме дека јапонците на крај
ќе ги спојат двете добра во едно и ќе добијат совршен направа која од музика
генерира струја.
|