Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
KERS ја револуционализира Формула 1
21.01.2008
xtrac-kers-system-f1.jpgТочно е дека недоамнешните драстични измени во техничките правила на Формула 1 предизвикаа многу негодувања и поделби на мислењата, сепак, очигледно е дека работите не вртат во празно.

Односно намерите да се ограничи развојот во некои сфери, што многумина го примија како гушење на Формула 1 и нејзиниот напредок, всушност претставува пренасочување на средствата и развојот во друг правец.

Имено, место одење до небо со зголемување на моќноста и развојот на скапи системи за што подобра контрола над болидот кои на крајот ја минимализираат работат на возачот и неговите способности, новите правила се стремат развојот на технологијата да руши нови граници.

Сега треба да се насочат идеите кон создавање на повеќе перформанси со поголема ефикасност и смалување на потрочувачката со што Формула 1 станува позелена и гради имиџ кој оди паралелно со современите текови на зачувување на животната средина.

Идејата е да се создаваат системи кои би можеле паралелно да се користат и кај сериските автомобили и би биле подеднакво ефикасни без значително зголемување на цената на автомобилот. Предложениот систем KERS Kinetic Ebergy Rocovery System или систем за складирање и враќање на создадената кинетчка енергија ќе го има горенаведениот ефект и FIA на чело со Макс Мозли полагаат многу во неговиот развој.

Системот кого го развива познатата компанија за развој и производство на системи за трансмисија Xtrac, а кој ќе се вградува во болидите во Формула 1 во 2009 веќе го претстави своето дело. Заинтересираноста од страна на големите производители на автомобили е енормна.

KERS во основа е еден CVT менувач кој директно е врзан со замаецот и се вклучува при забавување, односно кога ќе се отпушти педалот за гас, заробувајќи ја ослободената енергија со помош на внатрешен систем од варијатори и клацкалици, која во друг случај ќе се претвори во топлина генерирана од сопирачките. Заробената енергија останува во системот се додека возачот не ја „повика” да биде ослободена при забрзување.

Сепак, користењето на оваа ослободена и заробена енергија неможе да биде бесконечно. Според новите правила дополнителната снага при забрзување што ја испраќа KERS до тркалата може да се искористи во ограничен временски период поделен на повеќе рати низ цела трка. Односно за пример е земено правилото од Светската серија Champ Car кое се нарекува Push to Pass или притисни за да престигнеш, со што во критични ситуации посебно при престигнување возачот на кратко може да ја зголеми моќноста на болидот.

Целта на сето ова е со помош на кусото зголемување на моќноста и отсуството на контрола на тркација, предивидено во правилата од годинечнава сезона па натаму, да се олесни престигнувањето во трка и со тоа да се зголеми атрактивноста на Формула 1.

Можеби сето ова звучи едноставно и генијално, вистината е дека конструкторите се сложуваат само со воторото. Значи системот е далеку од едноставен. Според нив KERS е светско чудо на комплексност и компактност. Затоа што во една „кутија” која тежи едвај 5 килограми е спакуван замаец и CVT менувач кои се способни да ги издржат огормните напрегања на болид во Формула 1 и воедно да испорачаат доволно вртежен момент за значително зголемување на перформансите.

Дополнително за неверојатниот инженеринг на овој варијатор наречен KERS говори и фактот дека системот работи со ефикасност од 90 проценти. Бројките за реално зголемената моќност на болидите ќе останат тајна уште некое време, но во Xtrac неведуваат дека тие сепак ќе се разликуваат од болид до болид, односно од тим до тим, бидејќи тие ќе го испрачуваат само KERS, а замаецот на моторот што работи во болидот ќе го конструираат и изработуваат самите тимови. Па во зависност и од самиот дизајн на замецот ќе зависи и моќноста што ќе ја испорачува KERS. Ова е направено намерно за да се поттикнат тимовите да продолжат дополнително и независно да размислуваат и да работат на унапредување на системот.

Предноста на системот во однос на досега познатите дополнителни „зголемувачи” на моќноста е што нема дополнителни системи како што се на пример електромоторите и батериите во постоечките сериски хибриди, кои дополнително ја усложнуваат и ја посакпуваат изработката, ја зголемуваат тежината и зафаќаат многу простор. KERS е едноставен, комапктен, зафаќа малку простор и е пријателски настроен кон животната средина, бидејќи нема токсични материи со кои се полнат денешните батерии.

Токму затоа големите производители му фрлија око на KERS, плус тука е и едноставната монтажа директно на замаецот на моторот што го прави совршен за користење во системите старт/стоп кои штедат многу во секојдневниот сообраќаен метеж.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook