Get Adobe Flash player
Lotus Exige 270E Trifuel
03.03.2008
lotus-exige-270e-trifuel-1.jpgАлтернативните горива влегуваат на голема врата. И дискусијата дали се навистина корисни за животната средина или се еден вид тренд без некаков голем ефект завршува пред да стартува.

Тоа го докажува Lotus со својaта последна верзија на Exige која ќе ја доживее светската премиера во Женева и е наречена 270 E Trifuel и која користи микс од бензин, етанол и метанол.

И доколку некој, толку жестоко, повторно сака да влезе во дискусија околу алтернативните горива ќе го разоружаме со фактот дека согорувањето алкохол можеби и нема многу смисол како еколошко гориво, но затоа има многу смисол при зголемување на перформансите.

Да се вратиме на Exige 270 E Trifuel. Целта на Lotus со овој модел не е толку правење на еоколошки автомобил, колку што е правење на ракета на четири тркала. Внимание! Споменавме микс од бензин, етанол и метанол затоа Exige 270 E е наречен Trifuel или три горива, не затоа што може да ги користи секое одделно, бидејќи неможе. Exige 270 E Trifuel  користи само микс од овие три горива. Точка.

Автомобилот претставува дел од проектот на Lotus во кој се испитуваат процесите кои настануваа внатре во цилиндрите на моторот за време на согорувањето, што според инженерите е многу важно при преориентирање на новите синтетички добиени горива, бидејќи до сега со бензинот и дизелот се беше јасно.

Од овие три горива метанолот има најголем потенцијал како зелено гориво бидејќи може да се добие со синтеза на СО2 кој се наоѓа во атмосферата и водород – прикажано на дијаграмот долу.

Нормално ваквиот начин на производство на гориво зависи од технологија која е во повој и сеуште не е развиена докрај, но и покрај тоа обезбедува насока за целосно отстранување на СО2 од издувните гасови при согорување.

И бидејќи автомобилот е способен да вози на било каков микс од овие три горива покажува дека преминот од класични на алтернативни горива можеби и не е толку тежок како што се чини во моментов.

Посластицата останува за на крај. Exige 270 E Trifuel со миксот од бензин, етанил и метанол од својот четирицилиндарец потпомогнат со механички компресор остварува 270 коњски сили при 8.000 вртежи, забрзува до 100 km/h за 3,9 секунди и достигнува максимална брзина од 255 km/h.

Кога ќе се погледнат бројките може да се заклучи дека иднината воопшто не носи досадни автомобили, напротив. Но, дали и останатите ќе го следат примерот на Lotus?


 

 

 

Facebook