Get Adobe Flash player
Lotus ги штити пешаците од хибриди
15.02.2008
lotus-zvuk-za-bezbednost-1.jpgИако тишината што ја произведуваат хибридите ги освојува гласовите на жителите во урбаните средини сепак оовој нивни тивок пристап на движење низ градовите им шкоди на пешаците.

Се прашувате како. Едноставно замислените луѓе кои секојдневно се среќаваат на градските улици страдаат во судар, односно биваат згазени од хибрид, бидејќи во сета таа занесеност не го слушаат возилото што се приближува.

На ова се приклучуваат и скорешните истражувања кои велат дека пешаците несвесно многу повеќе се потпираат врз сетилото за слух отколку за вид кога е во прашање регистрирање на опасност во сообраќајот. Плус слушаат музика од вокмен или зборуваат на мобилен и воопшто не ја приметуваат опасноста што доаѓа од тивките хибриди.

Но, без грижа. Пред и нас да не снајде такво нешто инженерите во Lotus смислија решение. Тие направија систем кој емитира звук на нормален автомобил.

Системот се заснова на сензор кој ја бележи позицијата на педалот за гас, односно колку е притиснат и на тој податок му го приклучува и податокот за брзина што доаѓа од сензор сместен зад тркалото. Овие два податоци се обработуваат во контролна единица која испушта вештачки звук на автомобил низ засилувач на звукот за кого се врзани звучници со моќност од 300 W сместени во браникот на автомобилот.

На овој начин звучникот испушта реалистичен звук на нормален автомобил кого можат да го слушнат и пешаците. Звукот на мотор на автомобил е избран намерно бидејќи се покажало дека разни звуци од сирена или некаква свирка остануваат незабележани од пешаците. Тие воопшто не регистирале дека еден таков пискав звук доаѓа од автомобил што им се приближува.

Системот на Lotus е врзан и со нивната специјална технологија наречена Sound Syntesis или синтеза на звукот која активно ги поништува несаканите звуци од бучавата од тркалање на гумите и звукот на моторот во кабината што го прави патувањето значително потивко. Убавото во оваа технологија е што може да го интерпретира звукот на еден боксер од Porsche или гровтањето на еден монстуозен американски V8 во зависност од нашите афинитети.

Значи инженерите на Lotus си ја завршија својата работа, сега преостанува тјунерите да го прифатат овој систем и да почнат да го нудат на пазарот. Се што ви останува потоа е да се возите низ градските улици во својот Prius притоа вриштејќи како Формула 1 или грмејќи како V8 од Grand Cherokee.

Така сигурно нема да останете незабележани од пешаците, но и од граѓаните кои сакаат мир и тишина, а тука е и полицијата. Сепак, има уште многу развој додека оваа технологија биде достапна за широка потрошувачка.

lotus-zvuk-za-bezbednost-2.jpg

 

 

 

Facebook