Get Adobe Flash player
Mazda 2 со милеров мотор
01.06.2007
mazda2Во малечката Mazda 2 Јапонците ќе вградуваат посебно штедлив бензинец. Моторот од семејството MZR работи според милеровиот принцип и за 20 проценти е поштедлив.

Техниката на Американецот Ралф Милер што е патентирана во 1947 година Mazda во континуитет ја усовршува и за прв пат ја пушти во серија за моторот V6 за Xedos9 (1996 до 2001).

Во комбинација со безстепен автоматски менувач CVT и за 100 килограми пониска тежина на возилото Mazda ја спушти потрошувачката на 4,4 литри на 100 километри. Штедливиот модел ќе се продава во Јапонија од јули. Вредноста на потрошувачката е за 20 проценти под обичниот мотор со иста зафатнина од претходниот модел. Една третина од оваа заштеда се припишува на моторот што работи со иновативниот милеров такт.

Кај милеровиот циклус кој се нарекува и аткинсонов циклус вшмукувачките вентили остануваат подолго време отворени при компресијата со што се намалуваат загубите, односно се зголемува ефикасноста на моторот. Во штедењето на 1,3-литарскиот мотор со 90 КС му помагаат уште променливата фаза на вшмукувачките вентили, променетите клипови, спомнатиот менувач и олеснетата и аеродинамично модифицирана марксерија. Како резулат од тоа, возилото уште денес е за 20 проценти подобар од пропишаните стандарди за потрошувачката што ќе важат од 2010 година, а емисијата на штетни материи е за 75 проценти под лимитот што важи од 2005 година. Поради тоа, Mazda 2, односно Demio на јапонскиот пазар, е квалифицирана како Super Ultra-Low Emission Vehicle (SU-LEV).

 

Поврзани статии

 

 

Facebook