Get Adobe Flash player
Менувачот со две спојки на BMW
18.01.2008
bmw-m3-cabrio-m-dkg-1.jpgЗaедно со кабриолетот М3, BMW го прикажа и својот прв менувач со две спојки кој паралелно ќе оди и во купето и во лимузината и има седум степени со чива помош М3 ќе забрзува уште подобро.

Во BMW велат дека покрај подобри перформанси и покуси времиња на менување новиот менувач наречен M DKG ќе ја подобри и потрошувачката. Се очекува М3 со овој менувач да троши значително помалку отколку сегашните верзии.

Менувачот е поврзан со новиот систем што се вградува во М3 наречеан Drivelogic кој нуди дури седум електронски контролирани програми за возење. Односно пет се наменети за автоматскиот модус на работа, а два за мануелниот модус во кој спаѓа и системот за launch control, односно за контрола на старт како кај болидите во Формула 1.

Како и досега кога менувачот се наоѓа во мануелен модус на работа степените се менуваат или со рачката на централниот гребен со трукање напред или назад, или пак, со палките сместени зад воланот, десната за префрлање нагоре, левата за надоле.

Со користење на системот Drivelogic всушност менувачот со две спојки комбинира два менувачи во еден со куќиште кое има димензии како обичен мануелен менувач што претставува своевидна револуција. Инженерите на BMW објаснуваат дека срцето на менувачот го сочинуваат две спојки потопени во масло кое дополнително се лади преку надворечен ладилник. Спојките се споени со две вратила вметнати едно во друго, како и кај DSG на VW , од кои едното се парните степени 2, 4 и 6, а другото за непраните 1, 3, 5 и 7 и секако уште едно дополнително вратило за одот наназад, односно, рикверц.

Значи како што е познато, додека се вози една од двете спојки е во зафат, а другата е одвоена. При менување нагоре или надолу, спојките се активираат наизменично една по друга. Односно спојката во зафат се отвора неколку стои делови од секундата токму пред слободна спојка да влезе во зафат.

Менувачот веќе е вграден во дел од автомобилите наменети за тестирање, но сеуште официјално не и е претставен на јавноста. Се очекува претставување на салонот во Женева по што и ќе започен продажбата. Тогаш се очекуваат и првите официјални податоци за перформансите и потрошувачката на автомобилот.

 

 

 

Facebook