Инженерите во Штудгарт продолжуваат да си играат со
системите за помош на возачот базирани на радар, следствено на системот Distronic за
одржување на растојанието.
Следејќи ги трагите на Volvo, Mercedes понуди
нова опција за своите врвни модели од класата S и CL, за да им
помогне на возачите при менување коловозни ленти.
Наречен „Blind Spot Assist” системот врбува
шест радарски сензори сместени во предниот и во задниот дел од автомобилот кои
детектираат се што би можело да предизвика инцидент при менувањето на
коловозните ленти.
Ова пред се се однесува на покривање на мртвите агли во
кои најчесто возачот неможе да го види сокриеното возило.
Кога сензорите ќе регистрираат возило, во надворешниот
ретровизор почнува да свети црвена сијаличка која го информира возачот дека во
моменто е опасно да се префрли во соседната лента.
Доколку возачот продолжи и го вклучи трепкачот тогаш
црвената сијаличка почнува да трепка и возачот е предупреден по пат на звучен
сигнал.
Овој систем е дополнување на останатите радарски системи
на Mercedes, како веќе споменатиот Distronic Plus кој ја
одржува дистанцата во однос на возилот пред вас со помош на темпоматот и
системот за помош при сопирање Brake Assist.
И системот Pre-Safe кој предвидува судар
и го подготвува возилото пред да се случи.
|