Get Adobe Flash player
Мобилен со вграден клуч од Nissan
26.09.2008
nissan-mobilen-1.jpgТри големи јапонски компании работат на заеднички проект од каде произлегува првиот мобилен телефон на светот кој воедно е и електронски клуч за отклучување и стартување на автомобил.

Nissan, Sharp и јапонскиот мобилен оператор NTT Docomo успеаја во мобилен телефон да вградат интелигентен клуч кој автоматски го отклучува/заклучува автомобилот и го стартува моторот олеснувајќи му ја работата на сопственикот.

Притоа мобилниот воопшто немора да го напушти џебот на соптвеникот, а бркањето по џебовите за да се најде клучот од возилото станува заборавено минато.

Мобилниот е компатибилен и ќе функционира со системот на Nissan наречен интелигентен клуч или Intelligent Key кој се вградува во возилата на Nissan и на Infinity од 2002. Според податоците од продажбата на возила на Nissan до сега се продадени преку 950.000 автомобили со овој систем.

nissan-mobilen-2.jpg










Интеграцијата на автомобилската технологија и мобилните комуникации ја овозможи
Docomo со нивната експертиза во пласирањето на мобилната технологија и мобилните телефони на пазарот.

Sharp е компанијата која го развиваше апаратот односно мобилниот телефон, додека Nissan ја обезбеди техничката поддршка за интегрирање на клучот со нивнот систем и гарантира максимална функционалност во сите свои модели со вграден Intelligent Key.

Со оглед на масовноста на користењето на мобилните телефони како секојдневна потреба, идејата за спојување на технологиите во унифициран систем ја проширува функционалноста на овие уреди.

Nissan, Sharp и Docomo очекуваат корисниците да бидат одушевени од оваа технолошка досетка и веруваат дека едноставноста во користењето добиена со интегрирање на функциите во новиот мобилен телефон ќе биде полн погодок.

Nissan, Shar и Docomo ќе ја претстават финалната верзија на мобилниот со вграден интелигентен клуч на саемот CEATEC 2008 во Јапонија кој ги отвора вратите за посетителите на 30 септември.

nissan-mobilen-3.jpg










На фотографиите е прототипот, но се очекува дека сериската верзија на мобилниот телефон ќе биде потполно иста.

Компаниите и покрај претставувањето на телефонот на крајот од овој месец ќе продолжат со развојот, а негова комерцијализација се очекува некаде во првиот квартал од 2009.

 

 

 

Facebook