Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Мотор со блок од карбон-фибер
11.05.2011

Се поставува прашањето дали блок на мотор од карбон-фибер е иднината на автомобилската индустрија? Ако се суди според верувањето и трудот на инженерот Мети Холцберг одговорот е да.

motor-na-idninata-1-2011-1

Американецот минал повеќе од 40 години во развој и истражување за да создаде максимално усовршен блок на мотор. Спред него блок од различни композитни материјали врзани со влакна од јаглерод е основа за мотор на иднината.

Мети Холцберг веќе поседува таков блок од карбон-фибер кој е идентичен со блокот на 2.0 литарскиот бензински мотор на Ford, Duratec и се доликува со тежина за 20 килограми пониска од неговиот алуминиумски близнак.

Сепак, Холцберг е свесен за висината на инвестицијата која е потребна за масовно производство на вакви мотори и затоа смета дека неговиот блок од карбон-фибер за сега е погоден само за тркачки автомобили.

Сеуште нема официјален податок колку би чинел еден ваков блок на мотор, со Холцберг дава ориентациска пресметка од 2.500 долари по килограм заштедена тежина.

Тоа значи дека ако новиот блок е 20 килограми полесен од актуелниот тој би бил поскап за 50.000 долари во однос на алуминиумскиот блок. Ќе се согласите прилично солено.

Секако така стојат работите во моментот, но композитите и влакната од јаглерод споени во интегриран производ кого денес го препознаваме како карбон-фибер стануваат се попопуларни.

Со тоа се намалува цената на производство, па така не е исклучено дека еден ден би можеле да се возиме во автомобили чии мотори се изработени од овој лесен и исклучително цврст и отпорен материјал. Барем така верува Мети Холцберг.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook