Производителите како Volvo или Mercedes вообичаено
се пионери во развој на безбедносни системи. Но, од неодамна
бројот на компании што работат на ова поле се зголемува.
Се повеќе и повеќе производители работат на развојот на
сопствени иновативни системи.
Nissan во моментов е во подем. Неговите безбедносни технологии
ја вклучуваат новата попап хауба која е монтирана во Skyline заради
заштита на пешаци.
Не беше потребно многу време за развојните инженери во Nissan
да претстават нова безбедносна играчка. Нејзиното име е „slip-hazard”
безбедносен систем или предупредување од лизгав коловоз, кој наголемо се
подготвува за комерцијална употреба.
Новиот систем може да го детектира лизгавиот коловоз и да
го алармира возачот и во зависност од степенот на пролизгувањето веднаш со
комјутерски синтетизиран глас да го информира за условите.
Податоците добиени од сензорите за ABS
се обработуваат во така наречениот Nissan Intelligent Transport System. Системот
покрај сензорите собира информации и од други места, како што се податоци
превземени од други возила, локалната полиција како и претходно забележани
податоци за евентуалните точки на патот каде лизгавиот коловоз е вообичаен.
Тестирањето се одвива во северните делови на Јапонија
каде е нормално патиштата да бидат прекриени со мраз.
Со оваа технологија возачите дефинитивно ќе имаат уште
еден помошник на кој ќе можат во целост да се потпрат.
|