Финскиот производител на мобилни телефони Nokia работи на
нов систем за надгледување на сообраќајот преку мобилни телефони кои имаат
активна конекција на интеренет и GPS.
Идејата е со помош на GPS да се
следи состојбата и да се испраќа информација за текот на сообраќајот во реално
време заедно со вкалкулираната алтернативна рута преку која би се избегнало
заглавување во метежот.
Проектот е наречен Mobile Cеntury или
мобилен век, и се развива во соработка со Министерството за транспорт на
Калифорнија и со калифорнискиот универзитет Беркли. Во проектот учествуваат и
околу 150 студенти кои имаат улога на тест возачи.
Студентите, пардон тест возачите, се испраќаат на задача
поделени во три тима кои возат по различна патна рута и се пуштаат во интервал од
по три возила во минута. Информациите за локацијата и брзината на возилото се
испраќаат до централен систем за обработка на податоци каде се создава една
претстава за текот на сообраќајот.
Принципот на работа на системот е многу сличен со веќе
постоечките во САД како што се сателитските радио сервиси како и online сервисите
на Google и на Yahoo. Финтата е што овие сервиси зависат од гломазна и скапа
инфраструктура која се состои од сензори монтирани крај патот и вкопани во
асфалтот и камери кои го пратат текот на сообраќајот и на тој начин собираат
податоци за евентуалните тесни грла.
За разлика од нив системот на Nokia зависи
само од податоците добиени од мобилен телефон кого го има секој, значително
поевтин и што е најважно дава многу поточни податоци отколку гломазната
инфраструктура.
Нормална започнатиот проект на Nokia е сеуште во
концептна фаза и бара голем број на корисници на мобилни со вграден GPS и
постојана активна интернет конекција, но првичните резултати добиени од
тестирањата се ветувачки.
Охрабрени од сето ова во Nokia
продолжуваат со развојот и планираат многу поопсежни испитувања.
|