Електричниот автомобил се мачи со
товарот. Идејата за акумулатор место резервоар има иднина, но техниката
досега не зеде замав. Една необична идеја може да ги промени работите
Со години владееше затишје околу
електричниот автомобил. „Но полека се пробива сознанието дека бројни
алтернативни погони сепак функционираат”, изјави Феликс фон Рорк од
истражувачката група Alkasol од Дармштат и се радува што на автомобилиските салони
каде се обожуваат коњските сили како на моторшоуто во Детроит одеднаш повторно
излегуваат под светлото на рефлекторите електромобили како Chevrolet Volt и менаџерите
како шефот на GM, Рик вагонер или Волфганг Штајгер, шеф на развојот на мотори во VW, тврдат
„Автомобилот на иднината ќе вози на електрика.”
Но, колку и да е убава оваа визија: Со
вообичаените начини оваа иднина ќе почне предоцна, верува Борк. Научникот смета
дека електромобилот веќе одамна ќе почнеше да вози доколку автомобилските
производители вложуваа во тоа исто толку пари и инженерско знаење како во
горивната ќелија или во нивните хибридни модели. Сепак, во моментов не се
инвестира ниту во развој на поефикасни погонски акумулатори, ниту во лесни
градски возила, туку исклучиво во хибридни модели и водородна техника за тешки
семоќници.
„За електричниот автомобил потребни ни
се пред се нови технологии во складирањето на енергијата и добри системски
решенија во погонот и доследно лесно конструирање”, тврди Борк, но не сака да
ги обремени одделните производители со овие основни иновации. „Автомобилската
индустрија може да си го дозволи сето тоа”, се жали Борк и истовремено ги штити
претпријатијата. „Во моментов се важни други работи, на кои треба да се посвети
концетрацијата. Затоа имаме разбирање. Големите марки мораат годишно да исфрлат
на пзарот десет нови модели и да продолжат да го подобруваат пласманот на
нивните конвенционали возила. Не преостануваат ресурси за технолошки
револуции.” Алтернативниот предлог на Борк веќе е во ЕУ во Брисел и наидува на
отворени уши и кај некои автомобилски производители.
Една мрежа ги развива основните
компоненти
За да може да се поттикне развојот
независно од марките, динамично и со умерени трошоци, тој предлага мрежа од добавувачи
што под заштита на ЕУ ќе развива платформа за градски автомобил со нулта
емисија, ќе стави на тркала флота од возила за тестирање и ќе ги испробува.
Дури кога производствениот волумен ќе достигне повеќе десетици илјади возила
годишно и електричните автомобили успешно ќе возат по улиците три до пет
години, влезот за европските автомобилски производители и почнувањето на
производството би имало смисол”, научникот го скицира својот план. Трошоците за
проектот Борк ги проценува на околу 100 милиони евра, од кои половината би
дошле од ЕУ. „Зарем на јавната рака нема да и бидат вредни 1000 нови електрични
автомобили, ако од друга страна веќе се инвестирани милијарди во неизвесни или
несигурни технологии како фузија на јадро или горивни ќелии?” прашува експертот.
Калкулацијата би имала и уште една
предност: во отворената алијанса нема да се работи против другите, туку ќе се
соработува. „Не ни требаат четири или пет погонски и батериски единици што ќе
си конкурираат”, вели Борк. Доволен е еден единствен дел – доколку работи
правилно.” Се разбира дека и покрај тоа нема да биде исклучена конкурентноста.
Откако ќе се докаже концептот, автомобилските производители ќе треба да изведат
од тоа сопствени возила и понатаму да настапуваат еден против друг. „Пакетот е
добар за Dacia исто колку и за Daimler.”
Прототипот на електрично мини веќе е
готов
Како основа научникот на Аlkasol го пушат во трка Oscar. Градското возило
што има форма на скутер со кабина нуди простор за двајца возрасни патници или
за еден возразен и две деца, долг е само 2,50 метри и широк е 1,20 метри, теши
далеку помалку од Smart и со капацитет на акумулатор од 17 киловатчасови минува до 200 километри.
Притоа Oscar остава пријатно темпераментен впечаток во град и со максималните 130 km/h не е сопирачка за
уживањето ниту на магистралните патишта. Тоа што е најважно за Борк:
потрошувачката во просек е пониска од десет kWh на 100 километри. Оваа енергија
одговара приближно на еден литар дизел, но Oscar ја добива од штекер, а тој пак се
напојува од соларните панели на покривот на куќата.
Oscar се уште е „маскота за постфосилната мобилна култура”. Но, доколку се тргне
доста брзо и Борк најде истомисленици, неговиот проект би можел да стартува на
1 јануари 2008. Во првите три години може да се поттикне развојот за 1000
прототипи да се најдат на улица до 1 јануари 2011. „Потоа уште една година за
тестови и проценки, и точно на стартот на новата одредба на ЕУ со гранична
вредност од 130 грами јаглероден моноксид на километар би имале готов автомобил
што не испушта ниту грам”, проценува тој и го преви двоседот компромис во
дискусиите околу климата. „Тогаш дури и Porsche би можел да го продава Cayenne непроменет,
доколку едноставно се произведуваат исто толку
примероци од Oscar.”
|