Get Adobe Flash player
Одлучно против алкохолизмот
04.09.2007
alcoguard-4По долги најави и испитувања Volvo конечно го претстави својот нов клуч за стартување на возилото кој кореспондира со технологијата за борба против алкохол на патиштата.

Според експертите за безбедност на патиштата на Volvo една од секои три сообраќајни незгоди во Европа е поврзана со преголемо количество на алкохол во крвта.

Како помош за смалување на овие бројки Volvo разви еден нов систем кого го нарече „Alcoguard”. Тој користи технологија на горивни ќелии за прецизно одредување на нивото на алкохол во крвта на возачот.

За да го стартува возилото возачот мора да дува во безжична направа која воедно претставува и клуч за старт на возилото. Доколку нивото на алкохол во крвта на возачот е повисока од 0,2 g/l, автомобилот ќе одбие да стартува.

Volvo се надева дека оваа технологија ќе помогне да се смени генералниот став кон пиењети и возењето, што ќе резултира во елиминирање на сообраќајни несреќи предизвикани од големо количество на алкохол во крвта.

alcoguard-1alcoguard-2alcoguard-3 

 

 

alcoguard-5alcoguard-6 

 

 

 

Facebook