Секако станува збор за вештачко око, поточно камера
поставена во предниот браник која чита знаци на патот и го предупредува возачот
од ограничување на брзина до забрана за престигнување.
Наречен Front Camera System или систем од
камера поставена напред има две основни функции и целосно е развиен од инженерите на General
Motors, а ќе добитира поставен на Inisignia на нејзината светска премиера во јули на салонот во Лондон.
Првата функција на системот е препознавање на знаци. Со
помош на споредување на контури, системот преку камерата ги препознава бројките
во округлите знаци со кои се издава наредба за ограничување на брзината и го
прикажува знакот на таблата со инструменти со што го предупредува возачот.
На тој начин информацијата за ограничување на брзината на
делот од патот по кој се вози стигнува до возачот дури и ако тој поради некоја
случајност не го видел знакот.
Втората функција на системот е предупредување при
напуштање на коловозната лента. Системот ги чита коловозните ленти и го учи начинот
на која возачот најчесто ја менува коловозната лента, односно начинот на кој се
префрла од една во друга лента земајќи ги притоа во предвид свртувањето на
воланот и вклучувањето на трепкачот.
И доколку системот забележи отстапување од вообичаениот
начин или во случајов процедура на возачот при менување на лентите, упатува
аудио сигнал, но и визуелно предупредување кое се појавува на таблата со
инструменти.
На овој начин спречува опасни ситуации кои можат да
доведат до сериозни последици како што е најчесто заспивање зад волан и
преоѓање во спротивната коловозна лента, но и излетување од пат кога се работи
за автопат.
Системот ќе се вградува во Insignia некаде од
следната година, а во блиска иднина како доплата ќе биде на располагање во сите
модели на Opel.
|