Вакво нешто би требало да не очекува во иднина, барем
така велат истражувачите на универзитетот Пердју кои веќе подолго време
експериментираат со така нарачените паметни гуми.
Конструирани се така за да го предупредат возачот за
потенцијални слаби точки внатре во гумата кои можат да доведат гумата да се
дупне, односно да издиши, многу пред да се случи непосакуваниот дефект.
Тука не станува збор за постоечките системи кои го
надгледуваат притисокот во гумите туку за нешто сосем друго. Во случајов целата
гума претставува еден вид сензор кој ја покажува точната локација каде гумата
станува осетлива и може да дојде до дефект.
Системот работи толку брзо што секое појавување на
некаква неправилност на гумата го детектира и го пријавува за помалку од секунда.
Паметната гума е направена од неколку слоја различни
материјали низ кои минуваат електрични сигнали и кои му овозможуваат на
системот да ја открие потенцијалната слаба точка. Воедно електричните сигнали
до ситемот кој го информира возачот постојано испраќаат податоци за промените
што настануваат во самата гума.
Истражувачкиот тим веќе изработил 24 вакви гуми кои се
тестираат постојано и планира да го патентира технологијата што стои зад
конструкцијата и изработката на гумите.
Покрај технолшките досетки тимот истражувачи мислел и на
производните трошоци и на цената што ќе треба да ја платит крајниот корисник за
гумата. Според нив цената за имплементирање на системот од страна на
производителот би изнесувала 1 долар по гума, но ова на крајот би се претворило
по 50 долари повеќе што купувачот ќе треба да ги плати за една гума. Или 200
долари плус за сет од четири.
Затоа лидерот на проектот Гер Курц верува дека нивната
технологија најбрзо ќе најде место во мотоспортот, бидејќи тркачките гуми и
онака се премногу скапи, а тимовите од секогаш сакале да знаат прецизно дали
ставените гуми ќе издржат до крајот на трката без да пукнат.
|