Get Adobe Flash player
Погледот наоколу на Nissan е спас за на паркинг
17.10.2007
nissan-around-view-1Nissan разви нов систем кој асистира при паркирање Around View Monitor, кој на возачот му овозможува поглед од птичја перспектива и на возилото и на околината во реално време.

Основата на системот се четири камери со ултра широк објектив поставени напред, на страните и на задниот дел од возилото кои комбинирано даваат поглед од 360°.

Монитор во внатрешноста на возилото го прикажува погледот од лево, од напред, од назад или од десно. Погледот се менува кон напред или кон назад во зависност од тоа дали возилото се движи на напред или вози во рикверц.

Првиот модел на Nissan што ќе го користи овој систем е ванот Elgrand кој се продава единствено во Јапонија и пристига во салоните на крајот од овој месец, но системот полека ќе прејде и на останатите модели кои се продаваат ширум светот па и кај нас.

Прв модел со Around View Monitor кој ќе се продава надвор од Јапонија е Infinity EX35 кој треба да пристигне на пазарот во САД во декември. На истиот модел Nissan ќе го вгради и новиот систем за предупредување при менување коловозна лента за кого можете да прочитате тука .

Како дополнување на Around View Monitor се и сензорите поставени на секој агол на возилото. Тие исто така со помош на лесно читлива графика во бои го предупредуваат возачот доколку премногу се доближи до некоја пречка.

Овој систем прави паркирањето на поголеми возила да личи на детска игра, но се надеваме дека системов нема да ги направи големите возила популарни во големите градови задушени од сообраќај каде и движење со скутер претставува проблем.

nissan-around-view-2nissan-around-view-3

 

 

 

Facebook