Get Adobe Flash player

Погон на сите тркала во Berlingo и Partner
24.04.2007
photo_16Вградувањето погон на сите тркала не е работа за секого. Француската фирма Dangel е специјализирана тоа да го изведува на Peugeot и Citroen, а Auto Seikel гo работи VW T5.

Големите, силни и тешки теренци често се предмет на критика. И уште, скапи се. Има многу служби и професии во кои работата мора да се заврши и при неповолни временски услови и надвор од асфалтирани патишта. На пазарот се нудат комбија и лимузини што излегуваат од фабрика со погон на сите тркала, но кога е потребен поголем клиренс или се бара можност за блокада на диференцијалите, потрагата по соодветно возило е бесцелна. Тогаш стапува на сцена француската фирма Dangel.

Dangel e специјализирана за возила од француската групација PSA Peugeot Citroen. Најважни модели се Berlingo и Partner, модели што се веќе долго на пазарот и се мошне популарни. Другите возила што ги работи фирмата се поголемите Citroen Jumper, Peugeot Boxer и Fiat Ducato.

photo_8photo_15photo_17

 

 

 

Dangel тесно соработува со производителите на овие возила и во неколку земји нарачката може да се изврши и кај овластените дилери на дадената марка. Затоа и продолжува да важи фабричката гаранција, а секако и Dangel гарантира за деловите што ќе ги вгради. Тоа објаснува зошто фирмата од Алзас преработува само нови возила од фабрика.

 

За најпопуларните модели, Berlingo и Partner, францускиот специјалист нуди три степени на преправка. Заедничко кај сите е тоа што задниот погон се вклучува автоматски преку вискозна спојка, за десет сантиметри зголеменото растојание од подлогата, тркалата од 15 инчи со гуми 195/70 и заштитата под моторот.

photo_2photo_12photo_5

 

 

 

Погонот на сите тркала бара уште интервенција кај диференцијалот напред, карданско вратило што заради заштита врти затворено во цевка, погонска оска одзади и ново конструирани надолжни водилки назад. Заради погонот се преработува и издувниот уред. Подобро пробивање по тежок терен се постигнува со блокирање на диференцијалите напред и назад – ако се доплати за тоа.

До вистинските теренци е најблиска верзијата Extreme, што покрај стопроцентна блокада на задниот диференцијал има дополнителен степен за терен (не е редукција), односно запченик со уште покус пренос (5,38:1 место 3,45:1). Оваа верзија има и покус пренос на диференцијалите. Цените за преправката се движат од 6.000 до 7.500 евра, работите на возилото траат шест недели, а тежината се зголемува за околу 100 килограми.

Seikel – најекстремно што може

Seikel е име што љубителите на теренците би требало да го запомнат. Фирмата од Хесен се концентрира на полесните доставни возила од Volkswagen. Соработката започна во 1988 со преправките на LT 44 и T3 syncro за Raid-rallye. Од 2003 Seikel е официјален лиферант на VW и нуди подвозја за терен, специјални преносници и заштита за подвозје за VW T5 4Motion. На крајот на 2005 год. фирмата доби налог од VW да изработи хардкор верзија на теренец врз база на T5. Сега Seikel T5 созреа за во серија.

test_morocco_0067_stest_morocco_0206

 

 

 

Возилото се базира врз верзијата 4Motion што фабрички се нуди со погон на сите тркала. Бидејќи теренската проодност на сериското возило не можеше да се подобри без поголеми зафати во конструкцијата, беше направен радикален зафат. По пример на Unimog се развија таканаречени портални оски. Тоа се главчини на тркалата со интегриран пренос преку паралелни запченици, со што истовремено се зголемува растојанието меѓу погонското вратило и центарот на тркалото. Поточно, возилото се подигнува за 11 сантиметри, а преносот се скусува на 1,5:1. Благодарение на порталните оски и китот за подвозје на Seikel, T5 extreme добива растојание од подлогата од 40 сантиметри. Тоа е двапати повеќе отколку кај сериското возило. Покрај променети попречни и коси водилки напред и назад, овој кит содржи уште амортизери Bilstein и пружини Eibach, како и теренски гуми од BF-Goordich со димензија 235/85 R 16. Способноста за искачување на T5 extreme изнесува 100% (односно 45 степени), а минималната брзина во прв степен изнесува 3,6 km/h. Така може да се поминат и најтешките пасажи. На повисокото тежиште му контрира покрутата амортизација.

Целата преправка додава 180 килограми во тежина. Системот е погоден за сите каросериски изведби на Т5, без разлика дали со кусо или долго меѓуоскино растојание. Но, целава екскурзија не е евтина. За ориентација, 35.000 евра.

 
Get Adobe Flash player