Бензинските мотори кои не користат свеќичка за запалување
на смешата трошат многу помалку бензин. Ова научно го докажуваат истражувачите
на сеучилиштето MIT во САД.
Тие тестираат мотор со внатрешно согорување кој е
поекономичен од стандардниот бензинец за 25 проценти. Именувана како
Homogeneous Charge Compression Ignition (HCCI) или хомогенизирано
полнење и палење со помош на компресија, новата технологија работи така што палењето се постигнува со помош на компресија на смешата од воздух и бензин место да користи
свеќичка.
Mercedes веќе работи на таков мотор кого го крсти DiesOtto.
Овој концептен мотор работи на сличен начин како и HCCI и се тестира во
Класа S каде постигнува просечна потрошувачка од 6 литри на 100 изминати километри.
Volkswagen исто така развива сопствена верзија
на HCCI, но за разлика од моторите на MIT и на Mercedes кои
работат со обичен безоловен бензин од 95 октани, VW користи
специјално синтетичко гориво.
Професорот од MIT, Џон Хејвуд кој е
задолжен за овој проект тврди дека овие мотори со понатамошно изтражување можат
да бидат унапредени уште повеќе доколку се комбинира со други технолигии кои штедат
гориво, како присилна-индукција и директно-вбризгување.
Како работи овој мотор?
На фотографиите се прикажани два основни принципи на
работа на мотор со внатрешно согорување, бензински односно Ото-мотор и дизел
мотор. И новиот мотор HCCI.
Во конвенционален бензинец смешата од воздух и бензин
која влегува во цилиндерот преку всисниот вентил по компресијата се пали со
помош на свеќичка.
Кај дизелот пак принципот на работа е сосема поинаков.
Смешата се палипо по пат на самозапалување. Претходно во цилиндерот преку всисниот
вентил влегува воздух кој под компресија се загрева. Тогаш во цилиндерот се
вбризгува дизел гориво кое од високата температура се самозапалува.
Алтернативе на овие два основни системи на работа на
мотор со внатрешно согорување е HCCI. Тука смеша од воздух и бензин која
влегува во цилиндерот преку всисниот вентил се компримира се додека не се
доведе до самозапалување.
Бидејќи бензинот и воздухот однапред се измешани горат
порамномерно отколку кај дизелот и затоа произведуваат многу помалку чад и
азотен оксид.
|