Get Adobe Flash player
Пробиен системот за далечинско отклучување
11.04.2008
kluc-so-dalecinsko-1.jpgНаучници од Универзитетот Рур во Бошум, Германија откриле огромен недостаток во системот за далечинско отклучување на возилата што го прави многу понесигурен од обичниот клуч.

Тие го демонстрирале своето тврдење со помош на нова направа која може да - учи и снима – радио кодови кои се користат за отклучување и заклучување на вратите на автомобилот.

Новата направа исто како и универзалниот далечински управувач може да го имитира оригиналниот далечински управувач што доаѓа заедно со телевизорот. Со неа секој крадец во радиус од 100 метри може да го прочита кодот што го испраќа вашето далечинско и потоа непречено да го отклучи и да влезе во автомобилот.

Разбивачот на шифри што е направен од страна на научниците се заснова на технологијата KeeLoq на активна RFID Radio Ferquency Identification или активна идентификација на радио фреквенција меѓу тарнсмитер и ресивер која ја користат милиони автомобили ширум светот. Шефот на проектот и главниот истражувач професорот Кристоф Паар истакнува дека „доволно е само два пати да се кликне на далечинското (трансмитерот), односно да се испратата две пораки, за нелегитимната странка да може да го дуплицира вашиот код и да го отклучи вашиот автомобил или гаража”.

Но, ова е само дел од проблемот. Најстрашното е што дупликаторот може да го смени кодот на вашиот автомобил по што тој повеќе нема да реагира на командите од вашето далечинско. Па така сопственикот останува немоќен да влезе во својот автомобил.

Системот KeeLoq има широк дијапазон на фреквенции со што е овозможено секое далечинско да има уникатна фреквенција преку која се испраќа пораката до приемникот кој најчесто е сместен во вратата на автомобилот.

И трансмитерот и ресиверот користат кодирана порака на KeeLoq заради обезбедување на максимална сигурност. Но, научниците од Рур успеале да најдат начин како од далеку да детектираат кога ресиверот почнува да конзумира електричната енергија за да го прими испратениот сигнал од трансмитерот и преку користење на метода за следење на трагата што ја остава електичната енергија вршат анализа на сигналот со помош на паралелен канал и на тој начин успеваат буквално да го екстрахираат уникатниот код даден од производителот.

Сето ова загрижува бидејќи KeeLoq се користи како активна контрола од 1990. и според проценките е најраспространетиот ситем во Европа и во САД. Поради ова одговорните во KeeLoq одлучија да реагираат на тврдењата на истражувачкиот тим од Рур, а официјалниот одговорот е дека „овие теоретски напади не се однесуваат само на системот на KeeLoq и дека можат да бидат применети скоро на секој сигурносен систем, без исклучок”.

 

 

 

Facebook