Британската компанија која ни е позната од светот на
мотоспортот развива нов динамички систем кој значително ќе ја подобри
управливоста кај возилата со погон напред.
Станува збор за систем кој симетрично го поддесува аголот
што секое од задните тркала го завзема во однос на надолжната оска на возилото.
Овој, или, аголот што тркалото го завзема во однос на надолжната оска на
возилото се нарекува Toe, па оттука и новиот систем го носи името Activе Toe Contrоl. Односно
активна контрола на аголот на тркалата.
Активната контрола се применува на задните тркала кај
возилата со преден погон за да се оптимизира аголот што го зафаќа тркалото во
зависност од брзината на возилото.
За разлика од статичниот агол, што задните тркала од досега
го зафаќаа и кој кај возилата беше предмет на компромис и со кого
конструкторите калкулираа и мораа да изберат или агилност при ниски брзини или
стабилност при високи брзини, со активната контрола се спојува најдоброто од
двата света.
До сега за да се обезбеди агилност при ниски брзини
конструкторите избираа агол кој го шири долниот дел од тркалата, односно ги
разжабува (зелени гуми), а за маневри бри високи брзини на автопат како што е
на пример брзо менување на коловозната лента аголот се избира така што ги
собира тркалата во долниот дел (црвени гуми) - (црни гуми – пралелно на надолжната оска на автомобилот).
Сето ова значи постојан компромис што конструкторите мораа
да го пресметуваат. Од друга страна активната контрола на аголот значи агилност
и стабилност во секоја ситуација без оглед на брзината.
Одговорниот инженер за развој на системот во Prodrive,
Мет Тејлор објаснува дека со овој систем возилата кои имаат традиционална полукрута
оска назад како Citroen C4 или Opel Astra ќе имаат
исти динамички својства како автомобилите кои назад имаат мултилинк оска како Golf
V или Ford Focus, но по значително пониска цена.
Истражувањата на Рrodrive велат дека
системот функционира, единствено што треба сега е да се најде соодветен партнер
кој ќе го донесе проектот до работен прототип, а подоцна и да го воведе во
сериско производство.
|