Get Adobe Flash player
Прототип на 2/4 тактен мотор
21.04.2008
ricardo-2-4-engine-1.jpgПомали и помоќни мотори се иднината на автомобилската индустрија. Тоа го знаат сите производители на светот, вклучувајќи ги и оние од САД кои полека, но сигурно, му се предаваат на трендот.

Но, сега станува збор за нешто друго. Специјалистот за развој на автомобилска технологија Ricardo вели дека експериментира со технологија која воедно врзува дво тактен со четири тактен мотор и за која се вели дека може да ја намали зафатнината на моторот за половина без да ја загрози моќноста.

Резултатите што ги истакнува Ricardo се прилично импресивни. Со мерење на динамометар експерименталниот мотор остварува 150 Nm на 1.0 литри зафатнина при 1.000 вртежи во минута и 230 Nm/L при 2.500 вртежи.

Ricardo уверува дека новата технологија наречена 2/4SIGHT овозможува 2.1 литарскиот V6 да испорачува снага рамна на еден атмосферски V6 или V8 од 3.0 до 4.0 литри зафатнина, а ова го потврдува со бројки. Тие велат дека 2.1 литарскиот V6 располага со вртежен момент од 460 Nm при ниски 2.500 вртежи, а дури 300 Nm се расположиви додека моторот работи во лер.

Тестовите се вршени на еден блок – ред на цилиндри – на V6 од 2,1L, а компјутерската симулацја била калибрирана за да симулира тежина на автомобил од 1.800 килограми задвижуван од атмосферски V6 од 3.5L кој снагата ја испорачува преку пет степен автоматски менувач.

Тие докажуваат дека 2.1 литарски 2/4SIGHT V6 може да обезбеди идентични перформанси со намалена потрошувачка за 27 проценти и намалување на нивото на СО2 од 260 g/km на 190 g/km.

Технологијата на Ricardo користи директно вбризгување комбинирано со варијабилно местење на висисните и издувните вентили, варијабилно вбризгување на горивото и варијабилен притисок на турбополначот за секој цилиндер поединечно, што значи дека секој цилиндер е поддесен да дава оптимални перформанси во секој даден момент.

Бидејќи станува збор за многу напредна технологија, нејзиниот развој ќе трае долго време пред да стигне до сериско производство. Во моментов Ricardo бара партнери кои ќе го помогнат развојот и евентуално ќе го произведуваат моторот.


 

 

 

Facebook