|
27.08.2007 |
Британската компанија Etruk продава
машина за правење на биодизел во домашни услови. Машината го претвора
прегореното масло во гориво по цена од само неколку центи.
За 1.300 евра можете да го купите најмалиот дестилатор кој
преработува по 40 литри масло. Според Etruk тој е
доволен за поење на еден автомобил со биодизел.
Или пак, можете да купите поскап дестилатор кој чини
3.000 евра и да произведувате големи порции биодизел од по 150 литри. Etruk уверуваат дека ова е доволно
количина доколку сакате да отворите сопствена пумпна станица за биодизел.
Додека за британците е легално да произведуваат биогориво
по дома не се знае дали нашите власти ќе поминат преку тоа, бидејќи државата
заработува дебело од данокот и акцизите на горивото.
Затоа пред да нарачате еден од овие дестилатори
информирајте се прецизно, освен ако не сакате да се запознаете со атмосферата на
некој од нашите казнено поправни домови.
|